Одлични цртани во кои ќе уживате со вашите деца за време на летниот одмор

Летниот распуст пристигна, а многумина од вас веќе се подготвуваат и за годишниот одмор. Многубројни активности го исполнуваат летото, а за децата, добрите цртани филмови се само дел од нив.

10-odlicni-crtani-vo-koi-ke-uzivate-za-vreme-na-odmorot-01.jpg

Па откако добро ќе се изнаиграте, изнапливате и одморите во текот на денот, релаксирајте се во кругот на семејството со некој од следните 10 одлични цртани филмови:

Zootopia

Малечко и слатко, но борбено зајче, има огромна желба да стане полицаец и да се бори против неправдата. Патот кон успехот е поплочен со завера, која зајчето ќе се обиде да ја реши со лисицата-измамник.

Storks

Што правите кога толку многу посакувате братче или сестричка? Нормално, ќе им пишете на штрковите кои носат бебиња. Но, штрковите наместо бебиња, сега разнесуваат скапи мобилни телефони. Сепак, на писмото мора да се одговори и тука започнува најинтересната трка со времето и доставувањето на бебето до домот.

Moana

Моана е бестрашна принцеза која има неодолива желба да ги премине бескрајните тиркизни пространства и да види што се наоѓа надвор од островот каде што живеела целиот свој живот.

Таа тргнува во опасна авантура со цел да ја скрши клетвата која е фрлена врз островот, на кој му се заканува уништување.

The Boss Baby

Мало бебе кое ужива да наредува, одеднаш се наоѓа на прагот од домот на Тим, кој ужива како дете-единец во семејството. Неговата среќа е поматена од новото бебе, но наскоро се здружуваат со цел да го спасат светот од заговорот кој го спрема компанијата Puppy Co.

The Secret Life of Pets

Што се случува во животот на миленичињата кога не сте дома? Хистерично смешна приказна за малиот териер Макс, чиј живот се менува откако неговиот сопственик ќе донесе уште едно куче во нивниот дом.

The Lego Batman Movie

Одлично продолжение на The Lego Movie, овојпат со Бетмен во главната улога. Готам Сити е во неволја, а Бетмен е самоуверен и нарцисоиден супер херој, кому не му треба помош од никого. Него не му требаат дури ниту непријатели... но, може ли да постои супер херој без анти-херои?

The Good Dinosaur

Прекрасен цртан филм кој го прикажува пријателството помеѓу диносаурусот Арло и малечко момче.

The Book of Life

Неверојатно колоритен и автентичен цртан за младиот Маноло, кој е растргнат помеѓу желбата од она што тој сака да биде и она што неговото семејство го очекува од него. Тој мора да помине низ 3 фантастични светови за да се соочи со неговите најголеми стравови.

https://www.youtube.com/watch?v=NBw5YScs8iQ

Sing

Измамник кој сака да го спаси театарот кој се распаѓа и организира натпревар во пеење, за кој не ни сонува дека ќе прерасне во огромен спектакл. Животот на сите животинчиња менува со помош на песната.

https://www.youtube.com/watch?v=Y7uGHY-t80I

Trolls

Откако селцето на троловите ќе биде нападнато, Попи, највеселиот трол во целото село и Бренч, намуртениот лутко, здружено ќе појдат во потрага на нејзините пријатели со цел да ги спасат.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg