Актери кои ги мразеле нивните најпознати улоги досега


Актери кои ги мразеле нивните најпознати улоги досега

Иако овие улоги им донеле голема слава на некои од најпознатите актери во Холивуд, тие првично не сакале да ги прифатат.

akteri-koi-gi-mrazele-ulogite-shto-podocna-im-donele-slava-01.jpg

Не биле воодушевени од ликовите што треба да ги играат, но сигурни сме дека откако излегле филмовите, не се покајале што сепак ги прифатиле.

Џејми Дорнан – Кристијан Греј („50 нијанси сиво“)

Џејми Дорнан за ликот на Кристијан Греј во светски познатиот филм „50 нијанси сиво“ изјавил: „Тој не е човек со кој јас би сакал да се дружам и не можам да се замислам да глумам таков лик“.

akteri-koi-gi-mrazele-ulogite-shto-podocna-im-donele-slava-02.jpeg

Блејк Лајвли – Серена Ван Дер Вудсен („Озборувачка“)

Блејк била многу скептична за тоа каква порака ќе прати со ликот на Серена Ван Дер Вудсен од тинејџерската драма „Озборувачка“. Сега сигурно не мисли така.

akteri-koi-gi-mrazele-ulogite-shto-podocna-im-donele-slava-03.jpg

Марлон Брандо – Стенли Ковалски („Трамвајот наречен желба“)

Марлон Брандо повеќе пати изјавил дека го мразел тоа што ја игра улогата на Стенли во култниот „Трамвајот наречен желба“. Не ја сакал неговата агресивност и бил сосема спротивен на таков карактер.

akteri-koi-gi-mrazele-ulogite-shto-podocna-im-donele-slava-04.jpg

Роберт Патинсон – Едвард Кален („Самрак“)

Младиот актер својата слава ја стекна со лик што не можел да поднесе да го игра. Сепак, не веруваме дека денес се кае поради таа одлука.

akteri-koi-gi-mrazele-ulogite-shto-podocna-im-donele-slava-05.jpg

Шон Конери –  Џејмс Бонд - „Џејмс Бонд 007“

Да се добие улогата на Џејмс Бонд обично се смета за привилегија, но Шон Конери за сите продолженија на овој култен филм во кои играл изјавил: „Го мразам тој проклет Џејмс Бонд. Сакам да го убијам“.

akteri-koi-gi-mrazele-ulogite-shto-podocna-im-donele-slava-06.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Актери раскажуваат како изгледа снимањето на секс сцени Професионалните актери нема што не можат да изведат на филмското платно, за неко...
20 актери кои нема да ги препознаете во нивните први улоги Дури и да освоиле најмалку еден Оскар, да биле номинирани за бројни награди, сла...
10 филмови кои едвај чекаме да ги гледаме оваа есен Есента е одлично време за да седнете пред малите екрани или можеби во киносалите...