7 детали кои најверојатно не ги забележавте во новата епизода на „Game of Thrones”

Поминаа 6 сезони од серијалот “Игра на Тронови”. 6 сезони кои не научија многу за Вестерос и за сите луѓе кои трагично загинаа таму. Како и да е, имаме уште неколку сезони пред нас за кои како и Џон Сноу и ние ништo не знаеме што ќе се случува. Овој серијал треба да го следите со широко отворени очи затоа што понекогаш и најмалите детали можат да откријат многу.

7-detali-koi-najverojatno-ne-gi-zabelezavte-vo-novata-epizoda-na-igra-na-tronovi-1

Новата сезона конечно започна, можеби веќе сте заборавиле што се случуваше во претходните па затоа и овие детали од новата епизода не ги ни забележавте.

Еве 7 детали кои најверојатно сте ги пропуштиле:

1. Во почетните кредити сега стои и Читадел од Стариот град. Стариот град е еден од најголемите и најстарите градови во Вестерос. Тоа е местото каде Џон Сноу го испрати Сем да научи повеќе за како да ги победат Белите талкачи.

2. Поп пејачот Ед Ширан се појавува како гостин во епизода. Песната која тој ја пее е од третата книга на Џорџ Мартин. Пејачот Сајмон Силвер ја напишал за Тирион и Шаје.

7-detali-koi-najverojatn-ne-gi-zabelezavte-vo-novata-epizoda-na-igra-na-tronovi-3

3. Ножот од валериски челик во книгата на Сем можеби ви изгледа познато. Со тој нож платен убиец проба да го убие Брен Старк во првата сезона.

4. Текстот на истата страна од книгата го спомeнува стаклото од змејови како се користи како лек. Се смета дека тој лек ќе го излечи Џора Мормонт од смртоносната болест.

5. Скелетите во куќата се од луѓето кои ги видовме во сезона 4. Кога Хаунд и Ајра јадат вечера со нив и преноќуваат со нив, следниот ден Хаунд ги ограбува и вели дека не е важно затоа што ионака ќе бидат мртви до зимата.

https://www.youtube.com/watch?v=VKPEEIuU0to

6. Сцената во која Хаунд го изкопува гробот за скелетите во куќата е веројатно направена за да се усогласи дејството на филмот со дејството во книгата, каде Хаунд ќе почне да работи како копач на гробови.

7. Кралот на Белите талкачи ја носи бурата со него како што кажа Џон Сноу во сезона 6. Тој кажа дека вистинскиот непријател нема да чека бурата да помине, туку дека тој ја носи бурата.

7-detali-koi-najverojatno-ne-gi-zabelezavte-vo-novata-epizoda-na-igra-na-tronovi-2

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч... Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...
Филмови и серии кои ги надминаа книгите според кои се снимени Книгата Good Omens е презабавна, но комичната серија ѝ дава посебен шарм на прик...
Змејови, епски битки и суперхерои – Кои се најскапите серии на сите времиња? Веќе неколку години светските стриминг сервиси трошат цело богатство за снимање ...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg