10 инспиративни филмови кои ќе ви го променат животот

Понекогаш инспирацијата за промена може да ја пронајдеме во песна или книга, а многу често и во добар филм. Најголем дел од овие филмови се снимени според вистинити приказни, што уште еднаш ни покажува дека животот е најдобриот креатор на чуда.

10-inspirativni-filmovi-koi-ke-vi-go-promenat-zivotot-01.jpg

Секој нов момент е нова шанса да се направи позитивна промена. За доза инспирирација погледнете ги следните 10 филмови кои ќе ви го променат животот и начинот на размислување:

Miracles from Heaven (2016)

Снимен по неверојатна вистинска приказна за мало девојче кое страда од ретко нарушување на дигестивниот систем и не може да ја процесира нормално храната. Додека семејството е на раб на распаѓање, а лек нема, одеднаш се случува најневеројатното нешто. Емотивна, вистинска приказна која ќе ви го смени животот.

Mary and Max (2009)

Понекогаш тотални странци стануваат најневеројатните најдобри пријатели. Мери е осамено 8-годишно девојче кое живее во Мелбурн, а Макс 44-годишен човек кој се бори со дебелината во Њујорк. Нивното допишување со писма прераснува во топло искрено пријателство.

The Diving Bell and the Butterfly (2007)

Уште една вистинска приказна за францускиот актер и уредникот на списанието Elle, Jean-Dominique Bauby, кој останува парализиран и сè што може да движи од своето тело е само левото око.

Life Is Beautiful (1997)

Вистинска класика која не смеете да ја пропуштите. Харизматичен и смешен татко кој ќе стане жртва заедно со неговото помало синче како дел од Холокаустот на Евреите ќе го направи и невозможното за да го заштити синот од хоророт и ужасот на војната во кампот.

Her (2013)

Осамен писател ќе развие врска со женски глас од оперативен систем кој е дизајниран да одговори на секоја негова потреба. Дали навистина тоа може да ја замени потребата од физичка блискост, интима и љубов?

https://www.youtube.com/watch?v=WzV6mXIOVl4

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg