Серии што ќе ги изгледате во еден здив

Доколку сте од оние кои обожаваат серии, веројатно ви е познат терминот „binge watching“.

Serii-sto-ke-gi-izgledate-vo-eden-zdiv-01.jpg

Наједноставниот превод би бил маратонско гледање на серии. Тоа значи дека седнувате пред мониторот, снабдени со доволно грицки и пијалаци, и ве разденува со омилената серија.

Колку изнесува вашиот рекорд на најмногу изгледани епизоди одеднаш?

Доколку се пронајдовте во описот, време е да издвоите време за сериите кои се гледаат во еден здив – доколку веќе не ги гледате:

Семејна - This Is Us

Број на сезони: 1 завршена со 18 епизоди. Во тек е втората сезона, а ќе има и трета во 2018 година.

Приказната го следи семејството Пирсон. Џек и Ребека очекуваат три близначиња, но едното нема да го преживее породувањето. Тие се решаваат веднаш да посвојат напуштено афроамериканско бебе.

Хумористична – Speechless

Број на сезони: 1 завршена со 23 епизоди, а во тек е втората сезона.

Семејството ДиМео предводено од ексцентричната мајка се справува со животните предизвици на хумористичен начин, особено кога ќе се земе предвид дека најстариот син е дете со специјални потреби.

https://www.youtube.com/watch?v=4u55WK6AbaM

Нетипична љубовна – You’re The Worst

Број на сезони: 3 завршени сезони, а во тек е четвртата сезона.

Гречен и Џими се две дисфункционални индивидуи со уште почудни пријатели. Тие не веруваат во љубов, ниту во чувства, освен во сарказам, цинизам и иронија. Двајцата ќе ја започнат најдеструктивната љубовна врска којашто ја доживеале во животот.

Биографска – American Crime Story

Број на сезони: 1 завршена сезона со вкупно 10 епизоди. Премиерата на втората сезона се очекува за 3 месеци.

Првата сезона од Американската крими-приказна го следи судскиот процес за О’Џеј Симпсон, од моментот на апсењето, целото судење и конечната пресуда.

Втората сезона ќе го разработува убиството на познатиот дизајнер Џани Версаче.

Фантазија - Stranger Things

Број на сезони: 2 целосно завршени сезони, а се очекува и трета сезона.

Популарната серија со примеси на мистерија и хорор со причина ги освои симпатиите на гледачите. Младиот Вил мистериозно исчезнува, а неговите другарчиња се здружуваат со дел од локалното население да ја откријат мистериозната причина поврзана со неговото отсуство.

https://www.youtube.com/watch?v=XWxyRG_tckY

Според стрип – Marvel’s Daredevil

Број на сезони: 2 целосно завршени сезони, а се очекува и трета сезона.

Приказната го следи Мек Мурдок, познатиот адвокат и слепиот супер-херој од Hell’s Kitchen кој се бори против криминалните банди и урбаната мафија.

Предлозите продолжуваат на следна страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Омилените ликови од цртаните филмови што ќе ве вратат во детството Од оптимизмот и љубезноста на Мики Маус, до брзото размислување и хуморот на Ушк...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg