10 напнати филмови кои ќе ви го покачат адреналинот


10 напнати филмови кои ќе ви го покачат адреналинот

Кој не сака добра акција и добар трилер одвреме-навреме? Особено кога дејството нè држи во неизвесност од почетокот до крајот.

10-napnati-filmovi-koi-ke-vi-go-pokacat-adrenalinot-01.jpg

Доколку сте зависници од брзи и напнати филмови кои успеваат да ви ги одржат очите ширум отворени, задолжително одвојте време за нашите следни 10 предлози:

Atomic Blonde (2017)

Британска агентка од организацијата MI6 е пратена на тајна мисија во Берлин, непосредно пред уривањето на ѕидот со цел да го испита убиството на нејзиниот колега и да ја врати во сопственост на агенцијата листата која содржи доверливи информации.

Crank (2006)

Професионален платен убиец мора да го одржи високиот притисок по секоја цена, бидејќи неговиот ривал му инјектира отров кој ќе го убие доколку неговото срцебиење се намали.

Premium Rush (2012)

Бестрашен велосипедист кој е дел од сервисот за брза пошта на велосипеди прима мистериозно плико која мора да го достави на означената адреса во дадениот временски рок. Но, работите се заплеткуваат кога нечесен полицаец тргнува во потрага по истото плико.

The Bourne Ultimatum (2007)

Третиот дел од франшизата за Џејсон Борн ја следи неговата потрага по луѓето кои го обучувале да стане еден од најдобрите професионални убијци и целосната вистина зад неговиот вистински идентитет.

Mad Max: Fury Road (2015)

Сместени во пост-апокалиптичен свет на територијата на Австралија, млада жена се обидува да избега со група заробенички од безмилосниот тиранин кој ги чувал во ропство.

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови чиј крај сигурно нема да ве разочара Постојат многу добри филмови, но некои од нив имаат краеви кои целосно нè разоча...
5 филмски сцени кои секогаш успеваат да нè расплачат Постојат слики кои тешко излегуваат од главата, песни кои никогаш не се заборава...
Одлични цртани во кои ќе уживате со вашите деца за време на летниот од... Летниот распуст пристигна, а многумина од вас веќе се подготвуваат и за годишнио...