„Friends“ маратон: Сите божиќни епизоди

За време на празниците сите телевизиски канали се преполни со божиќни филмови. Некои од нив се преубави, а другите се досадни и веќе видени. Ако веќе барате филм кој ќе ви го донесе божиќниот дух, зошто да не ги гледате старите добри „Friends“?

friends-maraton-site-bozikni-epizodi-001.jpg

Оваа популарна Тв серија беше неверојатна успешна за време на сите 10 сезони и секоја сезона, со исклучок на последната, ни нуди по една божиќна епизода која ќе ве насмее до солзи.

Сезона 1, Епизода 10

Сите 6 пријатели се жалат дека треба да пронајдат партнер со кој ќе ја дочекаат Новата година. Бидејќи сите се сингл прават пакт заедно да го прослават празникот за никој да не се почувствува осамено. Сепак Рос е единствениот кој си стои на ветувањето, ако не го сметате Марсел мајмунот со кого тој се појавува на забавата.

https://www.youtube.com/watch?v=tEblhk5-QM4

Сезона 2, Епизода 9

Во втората сезона дознаваме повеќе за чудното минато на Фиби. За време на оваа божиќна епизода, таа се труди да го пронајде нејзиниот вистински татко, но на крај решава дека сѐ уште не е спремна за тој чекор.

https://www.youtube.com/watch?v=khc_EnTl0U4

Сезона 3, Епизода 10

Оваа епизода е навистина смешна. Рејчел смета дека веќе многу долго време работи во Централ Перк. Таа го слуша лошиот совет на Џои и Чендлер и ја напушта работата. Џои пробува да заработи екстра пари за време на празниците продавајќи божиќни дрвца, а смешниот дел доаѓа кога Фиби ќе го посети на работното место.

https://www.youtube.com/watch?v=0IwYV9xz0Bw

Сезона 4, Епизода 10

Рос е во љубовен триаголник во оваа епизода. Фиби сѐ уште настапува во Централ Перк со многу ужасни композиции. Моника се труди да ја добие почитта од колегите на работа кои воопшто не ја сакаат, а Чендлер пробува да ја намести Рејчел со негов колега од работа.

Уште 5 епизоди на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч... Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg