10 најочекувани филмови во првата половина од 2018 година


10 најочекувани филмови во првата половина од 2018 година

Филмски фанатици, обединете се! 2018 година ќе донесе бројни филмски наслови, а дел од нив ги очекуваме со огромно нетрпение.

Filmovi-koi-so-netrpenie-gi-ocekuvame-vo-prvata-polovina-od-2018-godina-01.jpg

Многу адаптации чија основа се познати стрипови, неколку филмски продолженија и римејкот на популарниот филм од минатото - еве што ќе гледаме во првата половина од 2018 година:

Black Panther (16 февруари)

По смртта на неговиот татко, кралот на Ваканда, младиот син се враќа дома во изолираниот, но технолошки напреден свет, да го заземе неговото место на престолонаследник.

Annihilation (23 февруари)

Биолог се пријавува за мистериозна, но опасна истражувачка мисија, каде што законите на природата едноставно не важат.

Red Sparrow (2 март)

Балерината Доминика е регрутирана во специјално училиште на руската разузнавачка служба, каде што е принудена да го користи своето тело како оружје, а нејзината прва мисија е да таргетира агент на ЦИА.

A Wrinkle in Time (9 март)

Откако нивниот татко – научник ќе исчезне, 3 необични суштества ги праќаат Мег, нејзиниот брат и нејзиниот пријател во вселената со цел да го пронајдат.

Overboard (20 април)

Римејк на оригиналниот филм со Курт Расел и Голди Хоун од 1987 година ја раскажува приказната за богат наследник кој ќе доживее несреќа на јахтата, а неговата вработена ќе си поигра со неговата изгубена меморија.

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмски маратон: Филмови и серии со Том Харди Заводникот Том Харди, освен што е миленик на дамите низ светот, умее да глуми на...
Филмови кои треба да ги изгледате пред Оскарите во 2018 година Предвидувањата за престижната филмска награда Оскар веќе започнаа. Кој ќе б...
10 потценети филмови на кои треба да им го дадете заслуженото внимание Понекогаш мислењето на критичарите го засенува нашиот избор на филмови, па радо ...