Први фотки од снимањето на филмот за принцот Хари и Меган Маркл: Како изгледаат актерите кои ги глумат?

Започна снимањето на филмот „Harry & Meghan: A Royal Romance“, во кој ќе можеме да ја видиме љубовната приказна на принцот Хари и Меган Маркл.

kako-izgledaat-akterite-koi-kje-glumat-vo-filmot-za-megan-markl-i-princot-hari-001.jpg

Во него ќе се доживее нивната романса од моментот на запознавањето на принцот и актерката до моментот кога тој се заљубил во неа и ја запросил.

Филмот ќе ги прикаже сите нивни тајни состаноци, како и јавните појавувања и запознавањето со семејствата.

Исто така, ќе бидат вметнати и елементи од животот на Меган пред принцот Хари, како нејзиниот претходен брак и гламурозниот американски живот кој е спротивност на британскиот кралски живот.

Главна улога ќе имаат Мареј Фрејзер, британски актер кој ќе го глуми принцот Хари, а Меган ќе ја глуми американската актерка со потекло од Јамајка, Париса Фиц Хенли.

kako-izgledaat-akterite-koi-kje-glumat-vo-filmot-za-megan-markl-i-princot-hari-02.jpg

Пред една недела, Париса на Инстаграм објави фотка од неа и актерот кој ќе го глуми принцот, на која напиша: „Убави сништа“.

Двајцата имаат сличност со вистинските Меган и Хари, па проценете колку е голема, според првите фотки од снимања:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg