Најбизарните книги во светот

Книгите се пишувани со цел да го научат читателот за нешто, да пренесат одредена порака од авторот, да евидентираат некој историски настан и сл. Но, понекогаш колку и да е историјата искривена и чудна, некои книги се полни со мистерија.

najbizarnite-knigi-na-svetot-01.jpg

Во следниот текст прочитајте нешто повеќе за најбизарните книги на светот. Некои од овие книги имаат мистериозно потекло, а некои од нив останале енигма за преведувачите до ден денес.

Codex Seraphinianus

najbizarnite-knigi-na-svetot-1.jpg

Оваа книга е напишана на јазик кој никој не го разбира, а исполнета е со надреални илустрации.

Се работи за најчудната енциклопедија во светот. Ја напишал италијански архитект Луиџи Серафини, а издадена е во 1981 година. Тој ја презентирал како научен труд. Целата книга е пишувана со рака, а сите илустрации се рачно нацртани и обоени од самиот Серафини, кој работел на книгата две години.

Научниците со години се обидуваа да ја дешифрираат книгата, но единственото нешто што успеале да го сфатат е дека "Seraphinianus" е варијација на името Серафини. Што се однесува до јазикот на книгата, "азбуката" се состои од дваесетина карактери кои не можат да се поврзат со ниту еден постоечки јазик.


Ракописот на Војнич

najbizarnite-knigi-na-svetot-02.jpg

Во библиотеката на Унивезитетот Јејл се наоѓа книга која никој не успеал да ја прочита. Наречена е Ракописот на Војнич, според Вилифрид Војнич кој ја пронашол во 1912 година. Оваа книга се покажа како нерешлива загатка за научниците.

Ракописот датира од 15-от век, а текстот е напишан на азбука која не одговара на ниту еден познат јазик. Книгата содржи илустрации на растенија и билки, како и алхемиски текстови. Се верува дека можеби целата книга е измама, но сè уште нема докази кои би ја поддржале таа теза.


Книгата на Сојга

najbizarnite-knigi-na-svetot-3.jpg

Џон Ди бил познат научник, математичар, астролог, окултист и алхемичар. Работел како консултант на дворот на кралицата Елизабета. Покрај тоа, тој бил сопственик на најголемата библиотека во Англија.

Ди верувал дека книгата на Сојга, уште нарекувана и Алдараиа, му била откриена на Адам во Рајската градина од страна на ангелите.

Книгата се состои од 40.000 хаотично подредени писма. Додека Ди се обидувал да го преведе кодот најпосле сфатил дека книгата е листа на магиски инкарнации. Неговата приватна библиотека била често ограбувана поради што тој бил принуден да го продаде поголемиот дел од книгите за да се издржува.

Се претпоставува дека книгата на Сојга била изгубена до 1994 година, кога се пронајдени два примерока во британската библиотека во Лондон и во Оксфорд.


Свитокот на Рипли

najbizarnite-knigi-na-svetot-4.jpg

Се работи за низа свитоци именувани според Џорџ Рипли, монах и алхемичар од Јоркшир, кој живеел во 15-от век. Тој патувал низ Европа дваесет години во потрага по тајните на трансмутација и бесмртност.

Овие свитоци се илустрации кои објаснуваат како да се создаде каменот на мудроста, клучот на создавањето на еликсирот на животот. Сликите се придружени со енигматски текстови кои ја објаснуваат постапката.


Кодекс Мендоза

najbizarnite-knigi-na-svetot-5.jpg

Кодекс Мендоза е документ со чудна историја. Најверојатно овластен е од страна на вицекралот Антонио де Мендоза во 1616-та година и испратен во Шпанија. На патот кон Шпанија е украден и, заедно со другите богатства, однесен во Франција.

 Таму останал неколку стотини години, за на крајот да биде пронајден и однесен во Оксфорд.

Она што го прави интересен документот е фактот што е напишан од страна на Ацтешките писатели и информатори. Се смета за прва автентична биографија на еден народ напишан од членовите на истиот.

Автор: М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сериски убиец, мистериозен вирус, адвокат кој работи против клиентот: 3 книги кои ќе ве држат во неи... Сериски убиец во Копенхаген, мистериозна болест од која умираат сите возрасни, н...
3 книги наменети за читатели со префинет вкус Дaли за вас книжевноста е „духовна храна“ или читате сѐ што ќе ви дојде во рака?...
3 одлични турски романи, за љубителите на историска фикција „Хурем московската наложница“ ја следи животната приказна на Хурем султан, која ...
3 одлични крими трилери што ќе ги прочитате во еден здив Потрага по 5-годишно момче што одеднаш исчезнува од градинката во Стокхолм, мист...
3 романи од Софи Кинсела што се читаат и во автобус Романите на Софи Кинсела нема да ве остават рамнодушни. Нејзините приказни се ис...
3 одлични книги од македонски автори, напишани по примерот на популарните светски романи Четива напишани по примерот на популарните светски автори. Овие 3 романи докажув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg