6 култни романи кои се читаат во еден здив

Едгар Алан По, познатиот американски писател кој по многумина е и основач на хорор жанрот, тврдел дека идеалната должина на книгите е онаа која може да се прочита без прекин односно, во еден здив.

6-kultni-romani-koi-se-citaat-vo-eden-zdiv-01.jpg

Од друга страна, поголемиот дел на романи кои важат за ремек-дела на светската книжевност се прилично обемни, но постојат и неколку кои се пократки а засекогаш останале како дел од културното наследство на целиот свет.

Неколку такви романи кои можете да ги прочитате во еден здив:

„Странецот“ - Албер Ками

„Странецот“ е најпознатото дело на Ками, а воедно и најпознатото книжевно дело кое се занимава со филозофијата на егзистенцијата, нихилизмот и апсурдот. Тема водич на овој роман е приказот на апсурдниот живот на луѓето, но и човековата отуѓеност во современиот свет. Дава одговор на тоа како можете да ја прифатите својата беспомошност во животот која не може да се контролира односно, како да го оправдате постоењето на животот и светот без смисла.

6-kultni-romani-koi-se-citaat-vo-eden-zdiv-1.jpg

„Стакленото ѕвоно“ - Силвија Плат

Единствениот роман на американската писателка Силвија Плат од автобиографски тип кој открива многу повеќе за писателката, отколку нејзината поезија. Објавен е под псевдоним, поради стравот од осудата на јавноста. Романот „Стакленото ѕвоно“ е едно од најмачните сведочења за тешкотиите при растењето на една личност проследено со чувството на отуѓеност од светот кој ја опкружува.

6-kultni-romani-koi-se-citaat-vo-eden-zdiv-2.jpeg

„Свила“ - Алесандро Барико

Краткиот роман „Свила“ едноставно не може да се раскаже во само неколку реченици, бидејќи е толку кратка што секоја дополнителна реченица би значела прераскажување на целата приказна за еден човек кој заминува на патување до Јапонија. Неговата крајна дестинација ќе му го измени животот.

6-kultni-romani-koi-se-citaat-vo-eden-zdiv-3.jpg

„Животинска фарма“ - Џорџ Орвел

Алегоричен и дистописки роман кој Орвел го пишувал за време на Втората светска војна, но својата слава ја доживеал дури во 50-ите години од 20-от век. Романот на еден сатиричен начин зборува за случувањата кои довеле до Руската револуција како и за периодот на владеење на Сталин.

6-kultni-romani-koi-se-citaat-vo-eden-zdiv-4.jpeg

„Пеколен портокал“ - Ентони Бурџис

Најпознатиот роман на современиот англиски писател Ентони Бурџис прикажува една сурова и застрашувачка слика за темната страна на човечкото општество. Во овој роман експлицитно се опишува насилството и бездушноста која понекогаш знае да ја покаже општеството.

6-kultni-romani-koi-se-citaat-vo-eden-zdiv-5.jpg

„Сидарта“ - Херман Хесе

Сидарта, преубавиот син на еден браман, незадоволен од духовната неисполнетост која му ја дава традиционалната вера заминува на пат и трагање по крајната вистина која води до просветлување, не откажувајќи се животната цел по секоја цена.

6-kultni-romani-koi-se-citaat-vo-eden-zdiv-6.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Од траума до триумф: Автобиографија за храброста и верата во човечката сила Издавачката куќа САКАМ КНИГИ на 06.04.2024 (сабота), во 13:00 часот во книжарниц...
3 книги што ќе ве замислат (и ќе ве вовлечат во сосема поинаков свет) Наставник по историја кој е жив неколку векови, но не смее да се вљуби, момче шт...
4 „модерни класици“ што секој интелектуалец вреди да ги има на својата полица Читањето книги не е обврска, туку треба да претставува задоволство, а вистинскит...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
5 безвременски дистописки романи - наменети за вистински љубители на книги Визијата на Хаксли за иднината во „Прекрасен нов свет“ го опфаќа општество каде ...
3 морничави трилери инспирирани од вистински приказни (од кои ќе се наежите) Некои вистински приказни послужиле да се напишат навистина морничави трилери од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg