Предлог книги за зимската читачка сезона

Зимата е особено магична за читање книги. Скоро секоја снежна идила која ја гледаме на некоја убава фотографија отсликува камин, чаша вино и добра книга. Па, зошто не би ја претвориле оваа идеална слика во реалност?

7-knigi-koi-sovrseno-ke-ja-nadopolnat-zimskata-snezna-magija-01.jpg

За претстојната зимска читачка сезона ви предлагаме 7 наслови, кои совршено ќе се вклопат со надворешниот екстериер на виулици и пердувест снег.

Трилер, мистерија, романса или можеби малку подзаборавена книга од нашето детство, вие сте на потег:

Нека снежи: Три празнични романси – Џон Грин, Морин Џонсон, Лорин Миракл

Трите најпродавани автори на денешницата се здружуваат да напишат книга проткаена со празнична магија. Комична, емотивна, ќе ви го исполни срцето со топлина. Заглавен воз и девојка која неочекувано ќе се симне во затрупаниот град Грејстаун, токму на Божиќ. Група мажоретки, вљубен шанкер и уште многу споредни ликови повлекуваат низа настани, а во центарот на збиднувањата следуваат средби на туѓинци кои се гледаат прв пат во животот, кој ќе им се смени засекогаш.

7-predlog-knigi-za-zimskata-citacka-sezona-1.jpg

Името на розата – Умберто Еко

Еден од култните романи на 20-от век со вешто исплетена содржина, длабок и филозофски ќе ви го задржи вниманието во текот на целата ноќ. Франсисканецот Вилијам од Баскервил е повикан да реши мистериозно убиство во манастирот. Главниот лик одбива да ги прифати нештата онакви какви што се и трезвено бара логика, не престанувајќи да трага по нови сознанија.

7-predlog-knigi-za-zimskata-citacka-sezona-2.jpg

Тринаесеттата приказна – Дајан Сетерфилд

Споредувана со делата на сестрите Бронте и опусот на Џејн Остин, „Тринаесеттата приказна“ сепак е уникатна и моќна приказна за љубовта, идентитетот и значењето на семејството.

Вида Винтерс е позната романсиерка која конечно е подготвена да ја сподели нејзината вистинска животна приказна со светот. Маргарет Леа е онаа која ќе биде сведок на вистината и полека е вовлечена во еден необичен и мистериозен свет и тргањето на превезот од 13-тата приказна, која била изоставена од претходната збирка на записи на Вида.

7-predlog-knigi-za-zimskata-citacka-sezona-3.jpg

Дете 44 – Том Роб Смит

„Дете 44“ е веројатно еден од најдобрите трилери кои ќе ги прочитате во животот. Одлично разработни ликови и неверојатен заплет, ве води во светот на Советскиот Сојуз на Сталин и суровата руска зима. Во земја како оваа, која прокламира дека „не постои злосторство“, одеднаш се појавува сериски убиец на дечиња, кој остава крвава трага низ целата држава.

Лео Демидов е одликуван воен херој кој во име на режимот ќе стори сè што ќе му се каже, сè додека не му наредат да ја следи неговата сопруга Раиса.

7-predlog-knigi-za-zimskata-citacka-sezona-4.jpg

Божиќна мистерија – Јустејн Гордер

Доколку „Светот на Софија“ е една од вашите омилени книги, тогаш ќе ја засакате и „Божиќна мистерија“. Совршената божиќна бајка, исполнета со мистерија, надеж и многу љубов започнува со момче кое ќе пронајде рачно изработено верско календарче во книжарницата. Од него паѓа лист на која е напишан првиот дел од необична приказна за мало девојче кое патува низ времето.

Совршена симбиоза на минатото и сегашноста, реалноста и илузијата ја откриваат приказната за девојчето што исчезнало пред 40 години на Бадник.

7-predlog-knigi-za-zimskata-citacka-sezona-5.jpg

Крадачка на книги – Маркус Зусак

Германија, почетокот на Втората Светска Војна. Нараторот на приказната – Смртта нè води низ светот на ужасната војна, но и еден друг невин детски свет, во кој дечињата сакаат само да си играат уживајќи во животот, кој во тој момент нема да им понуди ништо добро.

Крадачката на книги е ликот околу кој ротираат останатите приказни, нежни и истовремено силни, емотивни и потресни.

Родителство, детска љубов, соништа и желби, стравот и хоророт на една војна, но и човечката емпатија и потреба да им се помогне на угнетените и обесправените, како и одлучноста да не се биде сојузник во пролевањето крв по никоја цена. Одличен роман кој ќе го паметите долго.

7-predlog-knigi-za-zimskata-citacka-sezona-6.jpg

Возот в снег – Мато Ловрак

Една од омилените детски хрватски книги, „Возот в снег“ ја раскажува приказната на Љубан, Драга и Перо, три другарчиња од селото Јаболковец. Како и сите дечиња, така и овие три ќе се скараат поради сосема неважни причини, сè додека не тргнат на училишна екскурзија која ќе им го промени животот. Книгата, иако детска, одлично ја отсликува социјалната положба која како да не се разликува многу од оваа временска дистанца.

Возот ќе заглави в снег, а Драга ќе крене висока температура. Дечињата се заглавени и поделени во два табора, оној на Перо, и оној на Љубан. Ќе се одглават ли конечно од шините во студената зимска ноќ?

7-predlog-knigi-za-zimskata-citacka-sezona-7.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg