Помалку познати бисери на руската книжевност кои не треба да ги пропуштите

Руската литература се одликува со одредена специфичност. Начинот на кој тече нарацијата, имињата и ликовите кои длабоко се врежуваат во меморијата, екстериерот на поднебјето.

Vreme-e-da-gi-procitate-ovie-pomalku-poznati-biseri-na-ruskata-knizevnost-01.jpg

Некои од најгенијалните култни дела ѝ припаѓаат токму на руската книжевност. Доколку не сте ги прочитале, време е да одвоите време за:

Херој на нашето време – Михаил Лермонтов

Пет поврзани приказни ја обликуваат оваа неверојатна книга која е испреплетена со романтични моменти, но и бруталност.

Печорин е антихеројот, млад, проколнат и мошне разочаран благородник, а дејството е сместено во дивината на Кавказ, во еден вид егзотична земја населена со интересни и огромни противречности.

Егоистичниот ум на Печорин, неговата свесност за сопственото постоење и која е поентата да се живее, доколку само им се причинува болка на сите останати околу него...

Vreme-e-da-gi-procitate-ovie-pomalku-poznati-biseri-na-ruskata-knizevnost-02.jpg

Момче – Фјодор М. Достоевски

Достоевски е еден од ретките автори кои знаат како да ја разголат човековата душа и да остане соголена пред неговите читатели. Тој едноставно го разбира начинот на кој функционира човечкиот ум. Напишана малку поедноставно за разлика од другите негови дела, како „Идиот“, „Злосторство и казна“ и „Браќата Карамазови“, сепак приказната на тинејџерот Аркадиј ќе ве освои.

Идејата која се зачнува на брзи импулси вообичаено трае кратко за реализација. Фамилијарна мелодрама, наивен адолесцентен период и комплицираната врска помеѓу таткото и синот се во фокусот на оваа куса новела.

Vreme-e-da-gi-procitate-ovie-pomalku-poznati-biseri-na-ruskata-knizevnost-03.jpg

Доживувањата на еден мртовец – Михаил Булгаков

Напишани во типичен булгаковски стил, сатиричен и мрачен, фантастичните раскази се пишувани во ’20-тите години на минатиот век и биле објавувани во тогашните актуелни весници и списанија. Во нив се разгорува целиот потенцијал и генијалност на Булгаков.

Во фокусот на вниманието е една подолга приказна со автобиографски елементи, каде што се раскажува за нестрплив талентиран млад писател. Тој ја започнува својата кариера и покрај општествената ситуација, бирократијата, граѓанската војна, тифусот и политичките превирања. Несомнено ќе уживате во светот на Булгаков.

Vreme-e-da-gi-procitate-ovie-pomalku-poznati-biseri-na-ruskata-knizevnost-04.jpg

Дарба – Владимир Набоков

Ова е последниот роман на Набоков напишан на руски јазик. Главниот лик - Фјодор Годунов-Чердинцев е млад руски емигрант. По завршувањето на студиите во Кембриџ, тој доаѓа во Берлин и сонува да напише книга. Романот е своевидна анализа и појаснување на причината поради која Набоков пишува. „Јас, просто, уживам да создавам загатки и да ги придружувам со елегантни решенија...“.

Vreme-e-da-gi-procitate-ovie-pomalku-poznati-biseri-na-ruskata-knizevnost-05.jpg

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...
Амела Мемиш Апостоловска: „Аутизмот кај мојот син е инспирација за книгата 'Гласот на тишината'" На 06.11.2023 во Аросто кафе Скопје се одржа промоција на книга, промотор на кни...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница) Кејн, Рид, Броди... Тројца мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз око...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg