Дестинација Италија - 3 книги со кои ќе ја почувствувате италијанската култура

Полиња со лаванда, зрели гроздови и квалитетно италијанско вино, познатото еспресо. Звукот на ветерот низ тесните улички во Рим, зајдисонцето во Тоскана, вкусот на италијанските пасти и десертите...

3-knigi-so-koi-ke-ja-pocuvstvuvate-italijanskata-kultura-01.jpg

За сите љубители на Италија, овие три книги ќе ви ја донесат магичната земја на чинија. Ќе ја вкусите Италија со сите нејзини бои, ароми и екстериери.

А најмногу од сé – ќе се вљубите во романтичните приказни во:

Песто…паста... Храна на љубовта – Ентони Капела

Бруно е срамежлив, интровертен, романтичен и одличен готвач. Тој и неговиот другар ќе се вљубат во истата прекрасна девојка. Бруно започнува да готви прекрасни јадења, а неговиот другар се претставува како креаторот на истите.

Девојката паѓа на шармот на погрешното момче. Слатка, романтична и неодоливо забавна призна проткаена со љубовен триаголник и прекрасната италијанска храна и кафе.

3-knigi-so-koi-ke-ja-pocuvstvuvate-italijanskata-kultura-02.jpg

Италијанска авантура – Кетрин Џорџ

Љубовната авантура на Аби и Макс започнува кога ќе се расипе автомобилот на Аби и ќе ја остави на сред пат. Макс застанува да ѝ помогне и дознава дека Аби е тргната на деловен состанок со неговиот брат Џани, познат оперски пејач.

Помеѓу нив се јавува инстантна привлечност и љубовни искри. Макс никогаш не запознал жена како Аби и ќе стори сé за да ја освои. Дали ќе успее?

3-knigi-so-koi-ke-ja-pocuvstvuvate-italijanskata-kultura-03.jpg

Лето во Тоскана – Елизабет Ардер

Овој прекрасен роман ќе ве однесе низ тесните улични на вечниот Рим, каде ќе се напиете кафе „од нога“, а продолжува во прекрасната Тоскана која го одзема здивот.

Гема е лекар која е целосно посветена на професијата, а нејзината мајка ја вовлекува како сопатник во патувањето кон Тоскана и мистериозното наследство. Гема се вљубува во приказната која е обвиена со многу хумор и романтика.

3-knigi-so-koi-ke-ja-pocuvstvuvate-italijanskata-kultura-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg