Најсилните хероини од книгите, инспирација за секоја жена

Најинспиративните, храбри и силни женски ликови кои сме ги запознале биле во страниците на прекрасни книги.

top-heroini-od-nasite-omileni-knigi-1

Некои веќе ги знаете а останатите мора да ги прочитате:

1. Елизабет Бенет од „Љубов и предрасуда“ на Џејн Остин

Елизабет Бенет е тврдоглавата и мудра хероина од хитот на Џејн Остин. Во време во кое морало сите сестри од семејството да се оженат за статус и пари, а не од љубов, и сите бракови биле договорени од семејствата, таа се држи до нејзините принципи по цена и да остане сама.

2. Џосефин Марч од „Мали жени“ на Луиза Меј Алкот

На 15-годишна возраст Џосефин е самоуверена и своеволна. Таа не е како нејзините сестри и целосно незаинтересирана за брак. Џосефин оди против целосното верување за тоа како треба да се однесуваат жените во 19 век и токму поради тоа е еден од најсаканите женски литературни карактери.

3. Лизбет Саландер од „Девојката со тетоважа на змеј“ од Стиг Ларсон

Паметната девојка која е супер хакер со фотографска меморија. Таа е провокативна и интензивна во сè што прави. Има преживеано доста трауми во детството што го прави нејзиниот карактер посебен.

4. Хестер Прајн од „Писмото на Скарлет“ од Натаниел Хоторн

Хероината од Писмото на Скарлет е мажена, но разделена од својот сопруг. Таа има афера со друг маж и останува бремена од него. Поради тоа станува срам на општеството и ја обележуваат со буквата А која мора да ја носи до крајот на животот. Покрај тешката ситуација во која се наоѓа таа одлучува храбро да им се спротистави на сите сограѓани.

5. Ариа Старк од “Игра на тронови” од Џорџ Р.Р. Мартин

Ариа Старк уште мала соочена со огромна трагедија мора да се научи да биде независна и да преживее во воено и ладно време. Таа има борбен дух и ги преживува и најтешките ситуации, притоа собирајќи сè повеќе сила и храброст за еден ден да им се одмазди на непријателите на нејзиното семејство.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg