Книги кои ќе го променат начинот на кој размислувате

На полиците во книжарниците се кријат романтични сладникави приказни по кои секогаш посегнуваме некако (не)намерно или пак автоматски ги бираме за роденденски подарок.

Knigi-koi-ke-go-promenat-nacinot-na-koj-razmisluvate-01.jpg

Овојпат дајте им шанса на три поинакви книги кои ќе ве поттикнат на размислување и ќе го променат начинот на кој ги перцепирате нештата.

Дистописко општество во духот на Орвел, пронаоѓање верба во религијата која не сме знаеле дека може да постои на еден или друг начин и 19 неверојатни приказни за животот... вие сте на потег:

517 - Сања Михајловиќ Костадиновска

Оваа книга е храбар сериозен исчекор во македонската современа литература. Да се пишува за дистописко општество во книжевност каде што не постои таква традиција е можеби една од галвните причини која ѝ ја донесе наградата „Новите“ во 2015 година на авторката Сања Михајловиќ Костадиновска.

Во „517“ провејува влијанието на Џорџ Орвел и Реј Бредбери, но Сања како автор поседува моќен индивидуален талент за пишување.

Во ерата на „сегашизмот“ што е опишан во романот, забранети се сеќавањата и пишувањето. Времето не постои – нема минато ниту иднина. Група млади луѓе кои се нарекуваат антисегашисти се обидуваат да го повикаат херојот 517 на помош, иако никој не знае кој е точно тој, ниту како изгледа или пак што претставува.

Ќе прочитате бизарни случки и ситуации – музика која е строго контролирана, папагалско повторување на одредени текстови, улици кој секојдневно ги менуваат своите имиња... а кога ќе го отворите умот и ќе ѕирнете позади симболиката и метафорите, одеднаш ќе се пронајдете на едно многу познато место. Вашето секојдневие.

Knigi-koi-ke-go-promenat-nacinot-na-koj-razmisluvate-02.jpg

Оскар и госпоѓата во розов мантил – Ерик Емануел Шмит

Оваа прекрасна мала книгичка е дел од „Трилогијата на Невидливиот“ на француско-белгискиот автор Шмит. Оскар е 10-годишно момче кое боледува од рак и нема верба во Господ.

Неговите денови во болницата се досадни и еднолични, сè додека не ја запознае госпоѓата во розов мантил која му доаѓа во посета. Баба Роза, госпоѓата во розов мантил, ќе го натера малиот Оскар сепак да се обиде и да му напише писмо на Господ.

Она што започнува слатко и наивно ќе ви го распарчи срцето. Сите 12 писма од Оскар до Господ отсликуваат декади од животот на храброто момче кое е присилено да ги „одживее“ со брзина на светлината. Топла, емотивна приказна преполна љубов која ќе ве насмее и расплаче истовремено.

Knigi-koi-ke-go-promenat-nacinot-na-koj-razmisluvate-03.jpg

И сè стана месечина – Георги Господинов

Слично како и кај претходните книги на бугарскиот автор Господинов (Природен роман, И други приказни и Физика на тагата) и кај оваа се јавува истиот проблем – неможно е да се раскаже и задолжително треба да се прочита.

За деветнаесетте раскази во „И сè стана месечина“ важи истото правило како и во „Физика на тагата“ – една задолжителна книга за остатокот од нашиот живот.

Приказните се пишувани последниве неколку години, а дел се веќе објавени во светските антологии. Според Господинов она што ги поврзува е заедничка атмосфера и логика. Додека ги читате расказите ќе почувствувате десетици емоции.

Некои од нив ќе ги почувствувате за прв пат, а оние по малку заборавените ќе оживеат повторно.

Knigi-koi-ke-go-promenat-nacinot-na-koj-razmisluvate-04.jpg

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 книги што ќе ве замислат (и ќе ве вовлечат во сосема поинаков свет) Наставник по историја кој е жив неколку векови, но не смее да се вљуби, момче шт...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg