3 нови наслови на книги за кои мора да одвоите време

Бесмислено е да се каже - ова е одлично време за  читање. Секое време е погодно време за читање. Но, за волја на вистината во овој период времето е особено пријатно, па веројатноста да поминете многу страници за покус период е голема.

Sonuvaat-li-androidite-elektricni-ovci-novi-naslovi-za-koi-mora-da-odvoite-vreme-01.jpg

Три носи наслови во македонското издаваштво и по нешто за сечиј вкус... кој е вашиот следен избор за читање?

Сонуваат ли андроидите електрични овци? - Филип К. Дик   

Оваа книга била инспирација за создавање на филмот  Blade Runner“. Светската војна покосила милиони луѓе до 2021 година. Ова е еден нов свет каде што вистински луѓе се среќаваат сé поретко, а компаниите создале специјален тип на вештачка интелигденција – хуманоидни андроиди со човечки лик.

Но, тие се премногу софицистицирани за да се разликуваат од вистинските луѓе, а власта ги протерува. Тие се приморани да живеат во страв и криење, а еден од оние кои ги ловат е и Рик Декард, назначен да ги ликвидира андроидите престапници. Но, тие возвраќаат жестоко и смртоносно.

Sonuvaat-li-androidite-elektricni-ovci-novi-naslovi-za-koi-mora-da-odvoite-vreme-02.jpg

Нана – Емил Зола

Романот на Зола на еден топол емотивен начин ги прикажува бројните човечки слабости и маани. Вистинските вредности и добрите квалитети се потиснати во втор план, како што е случај во секојдневието и реалноста.

Главниот лик Нана е олицетворение на 3 различни жени - кокетна бескруполозна заводничка која остава пустош во машките срца, грижлива мајка и очајна жена во потрага по страст низ париските улици.

За Нана љубовта е еден вид деловна зделка, не вреди ништо ако од неа не може да се извлече некаква корист. Нана е љубов, страст, копнеж и желба, симбиоза од десетици спротивставени страни, но на крајот најголемата жртва и најголемиот непријател е токму таа, самата на себе.

Sonuvaat-li-androidite-elektricni-ovci-novi-naslovi-za-koi-mora-da-odvoite-vreme-03.jpg

Фајронт во Сараево - Неле Карајлиќ  

Д-р Неле Карајлиќ, ѕвездата на познатата екс-ју група „Забрането пушење“ и дел од популарната „Топ-листа на надреалистите“ е авторот на оваа т.н. митска југословенска приказна.

Карајлиќ е сонувач, жртва, визионер, ѕвезда кој го открива влијанието на бендот „Забрането пушење“ во тогашниот југословенски амбиент.

Тој ја започнува приказната во Младеновац и низ Белград се враќа 40-тина години наназад во предвоеното Сараево. А, таму започнуваат да се плетат приказни за растењето, созревањето и стареењето во еден простор натопен со крв и болка.

Ова е искрена емотивна книга проткаена со хумор која не смеете да ја пропуштите и всушност го објаснува почетокот на крајот.

Sonuvaat-li-androidite-elektricni-ovci-novi-naslovi-za-koi-mora-da-odvoite-vreme-04.jpg

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
Која книга треба да ја прочитате следна, според хороскопскиот знак? Дали се двоумите која книга да почнете да ја читате во следниот период? Ако да, ...
3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница) Кејн, Рид, Броди... Тројца мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз око...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg