Предлог книги кои ќе ги прераскажувате со години

Сите книги се различни. Сите книги се приказна за себе. Некои од нив ги забораваме истиот момент кога ќе ја свртиме последната страница, други пак, оставаат долготраен впечаток врежан во нашата долготрајна меморија.

predlog-knigi-koi-kje-gi-preraskazuvate-so-godini-01.jpg

Вторите книги знаат да нè остават со „тешка главоболка“, во длабоки мисли и исполнети со емоции.

10 новели кои ќе ви го зграбат срцето и ќе ви остават долготраен впечаток:

1. „Прекрасни коски“ - Алис Себолд

Сузи е 14-годишно девојче убиено од сериски убиец, заробено помеѓу два света и принудено да гледа како нејзиното семејство и пријателите се менуваат после нејзината смрт. Очајно се обидува да се врати во светот на живите и да им помогне на најблиските да откријат кој е убиецот.

predlog-knigi-koi-kje-gi-preraskazuvate-so-godini-1.png

2. „Тринаесеттата приказна“ - Дајан Сетерфилд

Маргарет Леа добива писмо од познат писател, Вида Винтер, која сака да ја напише нејзината биографија. Иако многумина досега посакале да ја интервјуираат Винтер и да откријат нешто повеќе за нејзиното минато, само Маргарет има можност да ја открие мрачната вистина.

predlog-knigi-koi-kje-gi-preraskazuvate-so-godini-2.png

3. „Норвешка шума“ - Харуки Мураками

Време на промени, на голема револуција, губење во светот... Едно младо момче открива која е целта на неговото постоење во далечната Јапонија.

predlog-knigi-koi-kje-gi-preraskazuvate-so-godini-3.jpg

4. „Крадачка на книги“ - Маркус Зусак

Приказната се одвива за време на Втората светска војна во Германија, а станува збор за Лисел Мемингер, сираче кое живее надвор од Минхен. Лисел едвај преживува, а она што најмногу ја мотивира да краде се книгите. Со помош на нејзиниот татко посвоител, учи да чита и набрзо, ја открива моќта на зборовите.

predlog-knigi-koi-kje-gi-preraskazuvate-so-godini-4.jpg

5. „Океан на крајот од патот“ - Нил Гејман

Во рурална Англија еден човек, по многу години, се враќа во домот каде го доживеал своето детство. Спомените полека се навраќаат, а со нив, открива дека неговото детство било далеку почудно и поопасно, отколку што си го замислувал.

predlog-knigi-koi-kje-gi-preraskazuvate-so-godini-5.jpg

6. „Парфем“ - Патрик Зискинд

Романот ја раскажува приказната за еден помошник произведувач на парфеми кој почнува да убива девојки, сакајќи да го открие совршениот парфем.

predlog-knigi-koi-kje-gi-preraskazuvate-so-godini-6.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
Читање печатени или електронски книги - што е подобро? Читањето книга е посебно искуство што нè носи во некои нови светови. Повеќето лу...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...
3 книги што ќе ве замислат (и ќе ве вовлечат во сосема поинаков свет) Наставник по историја кој е жив неколку векови, но не смее да се вљуби, момче шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg