Лолита - роман кој ќе ве вовлече во лавиринт на еротиката, страста и забранетото

„Лолита, светлина на мојот живот, огнот во моите слабини. Мојот грев, мојата душа. ЛО – ЛИ – ТА“

lolita-roman-koj-ke-ve-vovlece-vo-lavirint-na-erotikata-strasta-i-zabranetoto-01.jpg

Вака почнува безвременското класично дело Лолита. Најпознатиот и контроверзен роман на Владимир Набоков, е приказна за опсесивната и уништувачка страст на остарениот интелектуалец Хамберт Хамберт спрема дванаесетгодишната Долорес Хејз.

По своето објавување книгата предизвика бројни, најчесто спротивставени реакции, од тоа дека е една од “најдобрите книги на годината“  до тоа дека станува збор за една од „највалканите книги на сите времиња“, книга што претставува „чиста неконтролирана порнографија“. Денес постои консензус дека Лолита влегува во десетте најголеми романи напишани во XX век.

Привлечноста на романот лежи во страсната комбинација на еротското со интелектуалното, на телесното со вербалното, на забранетото со развратното. Игрив во формата и содржината, поставен како загатка исполнета со игра со зборови и книжевноуметнички алузии, романот на Набоков мајсторски ги спојува ласцитивната тематика и врвниот естетизам со кој таа е реализирана.

Во романот е сублимирано сето она што е најдобро кај Набоков: желбата да се продолжи уметничкиот пат на романот кон нови, дотогаш непознати димензии, да се биде класичен и модерен во исто време, да се предизвикаат дотогшните уметнички стандарди во пишувањето на романите и конечно, да му се фрли ракавица в лице на конзервативното во уметноста.

lolita-roman-koj-ke-ve-vovlece-vo-lavirint-na-erotikata-strasta-i-zabranetoto-3.jpg

Роман кој во својата длабочина го спојува неспоивото, и го впушта читателот во незаборавно пишување низ лавиринтите на еротиката, страста и забранетото.

Дали би сакале да каснете од рајското јаболко на Набоков и да го скршите секојдневието?

Ви нудиме целосно книжевно уживање преку Лолита. Ве пуштаме во светот на непредвидливата убавина, и убавата грдосија.

И остатокот е ’рѓа и ѕвездена прашина“. – Владимир Набоков, „Лолита“

Книгата може да ја најдете во издавачката куќа Магор.

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg