Вљубени жени - роман кој ја најавил еротската свест на дваесеттиот век

 Подобро да умреш отколку да живееш механички – живот кој е повторување на повторувањето!

vljubeni-zeni-roman-koj-ja-najavil-erotskata-svest-na-dvaeseriot-vek-01.jpg

„Веќе да не се двоумиме дека сензуалните страсти и мистерии се еднакво свети како и спиритуалните мистерии и страсти“ – напишал Д.Х. Лоренс во „Вљубени жени“, ремек дело кое ја најавило еротската свест на дваесеттиот век.

Романот „Вљубени жени“ ги следи бурните приказни за сестрите Урсула и Гудун Брангвен. Тие дефинитивно се модерни жени, посмели и со поинтензивна природа одошто нивните викторијански претходнички.

vljubeni-zeni-roman-koj-ja-najavil-erotskata-svest-na-dvaeseriot-vek-05.jpg

И двете се впуштаат во страстни врски со двајца многу различни мажи, па двете весели млади девојки почнуваат да ги истражуваат своите заемни односи, но и односите во светот околу нив. Во нив се раѓаат гласови на едно ново доба додека ја откриваат природата на љубовта, политиката и луѓето воопшто, во Англија.

vljubeni-zeni-roman-koj-ja-najavil-erotskata-svest-na-dvaeseriot-vek-02.jpg

Во времето на неговото објавување, овој роман бил проследен со контроверзности позади отворените, сликовните описи на сексуалноста и други смели теми, имајќи предвид дека нудел поглед на модерниот живот и љубовта преку кој се обидувал да се ослободи од стегите на конзервативното минато.

Ова ремек дело е восхитувачки текст што ве погодува на неколку нивоа... Лоренс нè тера да признаеме дека живееме помалку префинето отколку што би требало без оглед на сè!

vljubeni-zeni-roman-koj-ja-najavil-erotskata-svest-na-dvaeseriot-vek-04.jpg

Книгата може да ја најдете во издавачката куќа Магор.

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg