Трилер различен од сите што сте ги прочитале досега - „Точка на измама“ од Ден Браун

Кога сателитот на НАСА ќе открие зачудувачки редок објект закопан длабоко во арктичкиот мраз, вселенската агенција, оптоварена со проблеми, ќе ја објави својата толку потребна победа - победа со длабоки импликации кон политиката на НАСА и за престојните претседателски избори.

triler-razlicen-od-site-sto-ste-gi-procitale-dosega-tocka-na-izmama-od-den-braun-01.jpg

За да се потврди автентичноста на откритието, Белата куќа се повикува на способностите на разузнавачкиот аналитичар Рајчел Секстон.

Придружувана од тим експерти, вклучувајќи го и харизматичниот Мајкл Толанд, Рејчел патува на Арктикот и го открива незамисливото: докази за научничко лукаство - дрска измама што се заканува да го нурне светот во контроверзии.

Но, пред да може да го предупреди Претседателот, Рејчел и Мајкл паѓаат во заседа на смртоносен тим атентатори. Борејќи се да си го спасат животот во пуст предел, опасен по живот, нивна единствена надеж за опстанок е да откријат кој стои зад оваа вешта измама.

Вистината, како што ќе дознаат тие, е најшокантна измама.

... историско, но модерно! Социолошко, а истовремено политичко. Суптилно, романтично. На моменти, комично.

Совршено.

Дали волјата за моќ познава некаква форма на граници? Или поточно, во хиерархијата на вредности, каде стои семејството, или љубовта? Правдата, достоинството? Или сѐ се сведува на точка на измама...

Уникатно трилер ремек - дело, кое не поминува незабележано во психата на читателот.

Книгата може да ја најдете во издавачката куќа Магор.

Би можело да ве интересира:

3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница) Кејн, Рид, Броди... Тројца мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз око...
3 биографии што треба да ги прочитате оваа есен (за луѓето што не се повеќе со нас) „Здраво, се викам Метју, иако можеби ме знаете и по друго име. Пријателите ме ви...
4 „модерни класици“ што секој интелектуалец вреди да ги има на својата полица Читањето книги не е обврска, туку треба да претставува задоволство, а вистинскит...
3 нови романи со моќни хероини, кои нема да ви дадат мир до последна страница Што се случило со убавата маѓепсничка Кирка откако Одисеј го напуштил нејзиниот ...
3 трилери од Роберт Ладлам кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Роберт Ладлам е најпродаваниот писател на трилери на сите времиња, со повеќе од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg