Маестрални книги за заплеткани семејни односи кои ќе ве освојат

Семејството се оние луѓе кои не ги бираш туку веќе ти припаѓаат од моментот на раѓање. Но, постојат и луѓе со кои не се крвно поврзани, а ги бираш намерно и свесно па стануваат твоето семејство.

Maestralni-knigi-za-zapletkani-semejni-odnosi-01.jpg

Овие 3 романи ги обработуваат токму тие заплеткани односи, потсетувајќи нè дека блискоста, топлината и љубовта од саканите луѓе се нешта без кои не можеме да живееме.

Оваа топла есен, задолжително одвојте време за:

Берлински тополи – Ане Б. Рагде

Колку пати сте помислиле дека понекогаш ви доаѓа да кренете раце од семејството и да се откажете еднаш засекогаш од нив? Но, пријателите ги бираме самите, а семејството е веќе одбрано место нас.

Тројца браќа кои не може да бидат поразлични се немаат видено долги години, а она што ги поврзува после многу време е смртната постела на нивната мајка.

Топол, емотивен и интензивен роман кој зборува за тоа дека колку и да сакаш да ги избришеш корените, тоа е просто неможно. А понекогаш сосема изненадно, ќе пронајдеш и нови.

Maestralni-knigi-za-zapletkani-semejni-odnosi-02.jpg

Трите ќерки на Ева – Елиф Шафак

Во обид да си ја спаси чантата од еден крадец, на 35-годишната Пери случајно ѝ паѓа фотографија на земјата. Во неа навира бура од спомени кои ја враќаат во студентските денови и нејзините 2 најдобри другарки, Ширин и Мона.

Одеднаш си споменува за нивните конфликти поврзани со религијата, националниот идентитет и феминизмот, деновите поминати во Оксфорд и професорот чии предавања им ги менува животите на младите жени.

Пери е принудена да се соочи со своето минато и скандалот кој засекогаш ги раскинал пријателските врски.

Семејството понекогаш не значи дека мора да си крвно поврзан со членовите.

Maestralni-knigi-za-zapletkani-semejni-odnosi-03.jpg

Неговото семејство – Ернест Пул

Роџер е 60-годишен вдовец кој е вовлечен со семејните препирки и тензии. Од случаен медијатор тој станува на некој начин и спасител во вртлогот на заплетканите семејни односи помеѓу трите ќерки.

Едит, Дебора и Лора се премногу различни и секоја од нив се обидува да ја скицира сопствената иднина. Таткото е лепилото којшто го држи семејството заедно, и покрај неверствата, разводот, убиството и венчавката.

Maestralni-knigi-za-zapletkani-semejni-odnosi-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...
3 биографии што треба да ги прочитате оваа есен (за луѓето што не се повеќе со нас) „Здраво, се викам Метју, иако можеби ме знаете и по друго име. Пријателите ме ви...
Која книга треба да ја прочитате следна, според хороскопскиот знак? Дали се двоумите која книга да почнете да ја читате во следниот период? Ако да, ...
5 безвременски дистописки романи - наменети за вистински љубители на книги Визијата на Хаксли за иднината во „Прекрасен нов свет“ го опфаќа општество каде ...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...
Сериски убиец, мистериозен вирус, адвокат кој работи против клиентот: 3 книги кои ќе ве држат во неи... Сериски убиец во Копенхаген, мистериозна болест од која умираат сите возрасни, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg