Флоберовиот папагал - Омилената книга на Дејвид Боуви

Литературна критика? Детективски роман? Збирка есеи? Биографска фикција? Документаристички роман? Флоберовиот папагал е книга што тешко може жанровски да се одреди и во тоа лежи голем дел од задоволството што произлегува од читањето.

omilenata-kniga-na-david-bowie-01.jpg

Игрива и авторична, со фино дозирана комбинација од несериозност и речиси манијакална посветеност на делото на големиот француски писател. Џулијан Барнс пишува роман чијашто основна цел е разгледувањеро на односот меѓу фактот и фикцијата.

Романот ја следи приказната за англискиот лекар Џефри Брејтвејт, кој е пасиониран аматерски истражувач на животот на Флобер. Брејтвејт пристигнува во Руан, родниот град на Флобер и набрзо читателот влегува во лавиринт од биографски податоци, важни и тривијални детали поврзани со Флобер необични согледувања на делото и животните ситуации на писателот.

Се пластат разнородни текстови што на прв поглед изгледаат како случајна неповрзана збирка. Барнс е уметник на повторувањето и варијацијата. Одредени цитати и фази се повторуваат во различни контексти, овозможувајќи му на читателот да ја извлече важноста на секој од нив, без да бидат здодевни или монотони. Тоа се случува и со мотивите и сликите што како рефрен се провлекуваат низ делото.

Сите елементи се преклопуваат за на крајот на специфичен начин да го добијат своето место во животот и делото на Флобер.

Така, авторот мајсторски ја сплетува својата мрежа и го уловува неуловливото - неповторливата комбинација од факт и фикција, од живот и творештво, од биографија што станува осмислена животна целина.

omilenata-kniga-na-david-bowie-02.jpg

Книгата може да ја најдете во издавачката куќа Магор.

Би можело да ве интересира:

2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. К...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
4 „модерни класици“ што секој интелектуалец вреди да ги има на својата полица Читањето книги не е обврска, туку треба да претставува задоволство, а вистинскит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg