Нова книга на Гијом Мисо + 2 други наслови кои ќе ве воодушеват

Одлична вест за сите обожаватели на францускиот автор Гијом Мисо. Пред нас е неговата нова книга која подеднакво воодушевува како и тие пред неа, дел од творечкиот опус на Мисо.

Nova-kniga-na-Miso-i-dva-drugi-naslovi-koi-ke-ve-voodusevat-01.jpg

Сите кои дополнително сакаат да прочитаат уште нешто возбудливо и квалитетно ви ги препорачуваме следните наслови:

Апартман во Париз – Гијом Мисо

Мадлин е млада лондонска полицајка која по низа нерешени случаи на работа и љубовната криза решава да се повлече во мал апартман во Париз. Тоа е всушност сликарско ателје, скриено во една мирна уличка и многу зеленило, кое мистериозно крие премногу тајни кои се обидуваат да испливаат на површина.

По неколку дена во ателјето пристигнува Гаспар, писател, човек кој ги мрази луѓето и сака само да пишува во мир и тишина.

Заедно со Мадлин, овие две осамени души кои се принудени да делат ист покрив, се фасцинирани од сопственикот на париското ателје, славниот сликар Шон Лоренц.

Тие решаваат со здружени сили да ја откријат тажната судбина на сликарот, да ги пронајдат неговите изгубени слики и многуте одговори на поставените прашања.

Попатно, двајцата истражувачи се соочуваат со своите внатрешни недоумици и превирања.

Мистериозно, возбудливо и романтично истовремено. Вистински мајсторски роман на одличниот Мисо.

Nova-kniga-na-Miso-i-dva-drugi-naslovi-koi-ke-ve-voodusevat-02.jpg

Десет илјади љубовници - Едит Равел

Првиот роман на Едит Равел е „задолжителна лектира за сите оние кои сакаат љубовни стории и што се грижат за правдата, човечноста и состојбите во современиот свет“.

Дејството е сместено во Израел, во ’70-тите години на минатиот век.

Ами е поранешен актер, интелигентен и многу згоден. Сепак, неговата нова професија е тешка и тој е под постојан притисок како воен иследник.

Лили е млада студентка која се враќа од Канада во родната земја и е сведок на убавините, но и ужасите кои се случуваат во Израел.

Очекувано, се раѓа љубов помеѓу Ами и Лили, но проблемите кои ги носи работата на Ами се претешки и ги отежнуваат чувствата помеѓу нив.

Ќе преживее ли љубовта во една земја каде што владее опасност, тероризам, каде што се лее крв по улиците? Ќе биде ли доволна да се зачува чистата емоција и страста помеѓу двајца вљубени?

Nova-kniga-na-Miso-i-dva-drugi-naslovi-koi-ke-ve-voodusevat-03.jpg

Чудо - Паласио Р. Џ.

Август Пулман 10-годишно медицинско чудо од дете. Според докторите, тој требало да умре уште вечерта кога се родил. Но, Август преживеал покрај сите прогнози за неуспех.

Телото и мозокот на малото дете се сосема нормални, со исклучок на неговото лице кое има голем деформитет.

И после 27 операции, Август го гледаат како некој чудилник на улица. Луѓето непријатно се ѕверат во него, бегаат како да има некоја заразна болест. Неговото лице е причината поради која Август целото образование го добива многу, иако е многу попаметен од неговите врсници.

Но, со почнувањето на 5-тото одд., Август конечно мора да појде во нормално училиште и да се обиде да се вклопи со околината и другите дечиња.

Дали тој е подготвен да се соочи со реалноста? Особено затоа што луѓето знаат да бидат толку непријатни и злобни кога имате некој деформитет. Тажна и истовремено топла приказна според која се снима и филм.

Nova-kniga-na-Miso-i-dva-drugi-naslovi-koi-ke-ve-voodusevat-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg