6 квалитети на книгите кои партнерите не ги поседуваат

Една изрека вели: „Вљубените во книгата никогаш не си легнуваат во кревет сами.“ Не само што се согласуваме, туку и ви откриваме неколку причини поради кои таа е совршен придружник во животот.

6-kvaliteti-na-knigite-koi-ne-gi-poseduvaat-partnerite-1.jpg

Кога и да ни е тешко, досадно, лошо сме расположени, нервозни, или, пак, не можеме да заспиеме од грижи – книгата е секогаш тука да ни помогне.

Да ни ги оттргне мислите од проблемите, да не насмее, развесели, да ни пружи утеха...

6-kvaliteti-na-knigite-koi-ne-gi-poseduvaat-partnerite-2.jpg

А, во продолжение ви откриваме шест факти поради кои дружбата со книгите, во суштина е и подобра од врската со партнерите:

1. Книгите ви допуштаат да си посветите време само за себе.

Има ли нешто поубаво од тоа удобно да се испружите на софата, со шолја топол чај на масичката, опуштена музика во позадина, дебели чорапи на нозете, а добра книга во дланките? Книгата никогаш нема да биде љубоморна, ниту да ви приговара или ве нервира ако немате волја за секс.

6-kvaliteti-na-knigite-koi-ne-gi-poseduvaat-partnerite-3.jpg

2. Може да имате повеќе книги одеднаш.

Додека во западниот свет не е баш прифатливо да имате повеќе партнери или врски во исто време, тоа не е никаков проблем кога се работи за книгите. Може да изберете колку што сакате, како и да ги читате колку и да сакате.

6-kvaliteti-na-knigite-koi-ne-gi-poseduvaat-partnerite-4.jpg

3. Книгите може да ги оставите, па потоа пак да им се вратите.

Ако ви треба пауза, немате време, или, пак, не ви се чита повеќе, фино ќе си ја сместите книгата на полицата или оставите покрај креветот. Па, кога повторно ќе бидете расположени, одново ќе ја земете во свои раце. Со партнерите тоа најчесто не оди така.

6-kvaliteti-na-knigite-koi-ne-gi-poseduvaat-partnerite-5.jpg

4. Позајмувањето не e проблем за книгите.

Сигурно сте налетале на одредена книга која ви оставила силен впечаток, па веднаш сте посакале да ѝ ја препорачате или позајмите на пријателката. Споделувањето книги ги зближува пријателите. Кога се работи за љубовниците, ова правило не важи.  

 6-kvaliteti-na-knigite-koi-ne-gi-poseduvaat-partnerite-6.jpg

5. Книгите секогаш имаат нешто возбудливо да ви раскажат.

Книгите нѐ водат во нови светови, ни претставуваат нови ликови и допуштаат да доживееме бројни авантури. Ех, кога само и секоја врска би ни била таква! А, што е уште подобро – книгата ништо не очекува од вас за возврат.

6-kvaliteti-na-knigite-koi-ne-gi-poseduvaat-partnerite-7.jpg

6. Ако не ви се допаѓа, книгата може да ја вратите.

Доколку некоја книга не е толку добра колку што сте очекувале, без грижа на совест може да ја вратите во библиотеката, да ја подарите, замените со друга, или, пак, дури и да ја фрлите. При погрешен избор на партнер, ослободувањето не е толку лесно.

6-kvaliteti-na-knigite-koi-ne-gi-poseduvaat-partnerite-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романтични книги што треба да ги понесете на плажа со себе Некој сака опуштени љубовни приказни, други сакаат мрачни херои, а трети пак, се...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
Амела Мемиш Апостоловска: „Аутизмот кај мојот син е инспирација за книгата 'Гласот на тишината'" На 06.11.2023 во Аросто кафе Скопје се одржа промоција на книга, промотор на кни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg