Трилер, љубов или мистерија? 3 одлични наслови за сечиј вкус

Доколку немате идеја што да прочитате наредно, ви предлагаме 3 сосема различни книги според сопствените читателски преференци. Трилер, љубовна приказна или приказна исполнета со мистерија?

3-odlicni-knigi-za-secij-vkus-01.jpg

Изборот останува на вас:

Во мракот - Карин Фосум

Додека Ева и нејзината ќеркичка шетаат покрај реката, на површината испливува машки труп. Ева трча да ја извести полицијата, но ѕвони на сосема друго место.

Во меѓувреме, инспекторот Конрад Сејер и неговиот тим откриваат дека жртвата Егил умрел од насилна смрт, а претходно се водел како исчезнато лице со месеци.

Овој случај се вкрстува со уште еден необичен – убиството на проститутка кое се случило неколку дена пред да исчезне Егил.

Инспекторот Сејер започнува да ги поврзува коцките од мозаикот, додека Ева добива неочекуван повик од туѓинец доцна во ноќта. Тој нагло го прекинува повикот, а Ева останува сама во мракот.

3-odlicni-knigi-za-secij-vkus (1).jpg

Ти не знаеш да сакаш - Сузан Е. Филипс

Таткото на Дејзи ѝ соопштува дека мора да се омажи за човек кој никогаш не го видела во животот. За современо општество како денешното, договорениот брак звучи како некоја лоша шега, но набрзо Дејзи дознава дека бракот ќе се оствари по секоја цена.

Таа мора да се омажи за Александар Марков, намуртен, здрвен, здодевен Русин. Втората опција е да заврши во затвор поради огромните наследени долгови од мртвата мајка.

Александар е должник на таткото на Дејзи и се согласува да се ожени со неа, но нема намера да ѝ угодува на Дејзи. Тој смета дека таа е обична разгалена глупава богаташка.

Дали Дејзи ќе успее да преживее во неговиот свет?

3-odlicni-knigi-za-secij-vkus (3).jpg

Венецијанското предавство - Стив Бери

Огромни пожари се случуваат на повеќе локации, проголтувајќи цели зданија низ Европа. Поранешните советски републики се обединуваат во нова Централно Азиска Федерација, на чие чело стои итрата и талентирана Ирина Зовастина.

Таа е опседната со желбата да го надмине Александар Велики и да стане најмоќниот освојувач во историјата на човештвото.

Котон одвај успеал да се спаси од еден таков пожар во музеј во Данска. Од својата пријателка Касиопеја тој дознава дека пожарот не е случајност, ниту изолиран случај.

Котон и Касиопеја се здружуваат со цел да ги сопрат сојузничките сили во нивниот пеколен план. Авантурата ги води повторно во Данска, Венеција и високо на Памир во Централна Азија со цел да ја решат загатката која може да спаси или уништи милиони животи.

3-odlicni-knigi-za-secij-vkus (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
5 безвременски дистописки романи - наменети за вистински љубители на книги Визијата на Хаксли за иднината во „Прекрасен нов свет“ го опфаќа општество каде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg