Три книжевни препораки од писателката Вера Калин

Авторката на македонскиот бестселер „Бездомникот со златен часовник“, Вера Калин, покрај тоа што е посветена на пишување на нова книга и се подготвува за студии во Јужна Кореја, истовремено одвојува време и за читање. Во продолжение следува листа на нејзините последни прочитани книги.

tri-knizevni-preporaki-od-vera-kalin_1.jpg

Бели заби од Зејди Смит, која наједноставно речено е приказна за две семејства во Лондон, која се протега низ многу години, многу вешто изградени ликови и многу убаво испишани страници. Секако, тешко е да се објасни комплексен наратив во две реченици – па можеби би било подобро да ви оставам вам да откриете што точно се случува во книгата и што таа пренесува“, споделува Вера Калин.

tri knizevni preporaki od vera kalin 1 copy

Таинствениот пламен на кралицата Лоана од Умберто Еко е приказна за Јамбо, којшто се буди од клиничка смрт не сеќавајќи се на ништо од својот свет (себе, своето семејство), освен на книгите коишто ги прочитал и на нивните ликови. Јамбо тргнува во потрага по сопствениот идентитет...“, објаснува авторката на „Бездомникот...“

tri knizevni preporaki od vera kalin 2 copy

Срце на темнината од Џозеф Конрад ја читам во моментов. Колку што успеав да заклучам, тоа е приказна за морнарот Марлоу, кој раскажувајќи ги своите авантури по реката Конго, ги разобличува и истражува проблемите коишто се поврзуваат со империјализмот“, додава Калин.

tri knizevni preporaki od vera kalin 3 copy

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
Амела Мемиш Апостоловска: „Аутизмот кај мојот син е инспирација за книгата 'Гласот на тишината'" На 06.11.2023 во Аросто кафе Скопје се одржа промоција на книга, промотор на кни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg