Најдоброто од Џорџ Мајкл, по трагичната вест за неговата смрт

Крајот на 2016-та однесе уште една ѕвезда на небото. Рано утринава публицистот на една од најпопуларните ѕвезди на 80-тите, Џорџ Мајкл, објави дека славниот пејач починал во својот дом на возраст од 53 години.

najdobroto-od-george-michael-po-tragicnata-vest-za-negovata-smrt-1.jpg

За сите понови генерации, но и за оние кои можеби подзаборавиле, Џорџ Кирацос Пенаитоу, познат по своето уметничко име како Џорџ Мајкл беше професионален пејач, текстописец и продуцент кој блесна како ѕвезда во јавноста благодарение на музичкото дуо „Wham!”.

George-Michael-03

Мајкл беше особено познат во '80-тите и '90-тите со својот пост-диско денс-поп стил, а неговиот карактеристичен пристап кон музиката придонесе тој да продаде над 100 милиони дискови низ целиот свет.

Песната „Last Christmas” на ова дуо стана синоним за овој период од годината, а мнгоумина до ден денес танцуваат на „Wake Me Up Before You Go-Go”, неговиот деби албум како соло пејач „Faith” во 1987-та година, беше продаден во 20 милиони копии.

Дури седум од неговите синглови беа лансирани на првата позиција на топ листите во Велика Британија, а осум од неговите хитови завршија на првата позиција на „Bilboard Hot 100” во Соединетите Американски Држави.

Џорџ Мајкл зад себе остави бројни награди и признанија, беше прогласен за еден од 40-те најуспешни артисти на „Bilboard Hot 100” на сите времиња, на Британските музички награди два пати беше прогласен за најдобар, британски, машки вокал, а дури три пати  се закити со признание на американските музички награди. Освои две Греми награди, од осум номинации и во 2004-та беше прогласен за најслушаниот артист на бритнаските радија во периодот од 1984-2004.

George-Michael-02

Иако тој беше најпопуларен во 80-тите и 90-тите, сепак до ден денес неговите фанови ги потпевнуваат и се сеќават на неговите хитови како што беа „Freedom”, „Spining the wheel”, „Faith” и многу, многу други.

На социјалната мрежа Твитер се огласија многу познати личности како и луѓе кои ја почитуваа неговата работа, кои само дополнуваат дека горе на небото мора да звучи прекрасно бидејќи на сите ѕвезди кои заминаа оваа година се приклучи уште еден исклучителен човек и артист. Фановите ширум светот ги споделуваат неговите најголеми хитови.

Плеј листа во негова чест:

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
Врчак издаде нова песна со ДНК, по пауза од 15 години - Слушнете ја „Посреќна“ (видео) „Дами и господа, по пауза од 15 години, повторно со вас. Слободно кажете им на с...
„Тајна отровна“ на Владо Јаневски и уште 6 македонски хитови што се инспирирани од странски песни Дали сте знаеле дека некои од најпознатите македонски песни се всушност инспирир...
Преработки на македонски песни кои будат носталгија - Кои хитови добија модерни верзии? Тамара ја препеа „Шила“ од Маја Оџаклиевска, Каролина испеа своја верзија на пес...
Популарни екс-ју песни кои се копии на странски хитови Знаевте ли дека „Ljubi se istok i zapad“ од Plavi Orkestar е копија на Cali...
Песни кои „полнат“ 20 години во 2024-та – Која ви беше омилена? Заразната Gasolina која или ја мразевте или многу ја сакавте, но и Toxic на Брит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg