Преслушајте ја новата песна со која Ед Ширан ги почести фановите за роденден

Ед Ширан повторно ги изненади своите фанови објавувајќи ја третата композиција од неговиот нов албум „Divide” по повод неговиот роденден.

preslushajte-ja-novata-pesna-so-koja-ed-shiran-gi-pocesti-fanovite-01.jpg

После огромниот успех на „Shape of you“ и „Castle on the hill“, младиот Британец повторно освојува со една прекрасна, емотивна балада која ќе предизвика топлина во вашето срце, а е насловена како „How Would you feel (Paean)“. Видеото е снимено во живо, вклучува акустична гитара, пијано и тапани за да обезбеди посебна атмосфера која ќе ја почувствувате додека ја слушате оваа романтична композиција.

Феноменалниот Ширан постираше твит во кој вели дека иако песната не е неговиот нареден сингл, сепак е една од неговите омилени. Композицијата ќе се најде на 11 место од вкупно 16 композиции на неговиот нов албум кој треба да излезе до почетокот на март.

Судејќи според успехот на претходните две композиции кои беа пуштени во етер во јануари, а успеаа да стигнат во топ 10 на „Billboard Hot 100“, правејќи го Ширан  првиот артист кој успеал да постави рекорд за најдолго време поминато на врвот (дури пет недели) во историјата на Велика Британија. Се очекува албумот да продолжи по истиот терк и да поставува нови рекорди.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

'Move It' – Нов сингл на Brass Brothers Македонската музичка атракција Brass Brothers позната по извонредно динамичните ...
Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Дани со нов сингл - Ќе ме сакаш ли? 24.1.2024, Скопје - По “Има љубов во нас”, проследуваме втор сингл од најновиот ...
"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нов...
Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН (06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот с...
„Има љубов во нас“ - Првиот сингл од новиот албум на Дани Димитровска „Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg