„Ноќна кралица“ на Ерзана оваа година ќе наполни 20 години

Можете ли да го замислите изненадениот израз на нашите лица кога пред неколку дена ја пуштивме антологиската и сечија омилена „Ноќна кралица“ на неповторливата Ерзана и сфативме дека за прв пат е испеана на Макфест 1998 година?

Noknata-kralica-na-Erzana-ke-napolni-20-godini-01.jpg

Новата 2018 година веројатно ќе донесе многу јубилеи, но овој ни е еден од најомилените на музички план.

Ноќната кралица полни 20 години! Како брзо лета времето.

Доколку не се сеќавате како изгледаше нејзиниот настап, ви препорачуваме да го погледнете веднаш.

Се сеќавате, тоа беа времињата кога се пееше исклучиво во живо и се ценеше исклучиво талентот:

https://www.youtube.com/watch?v=R7kba6By-xQ

Веројатно сите се согласуваме дека Ерзана беше многу пред времето. Ноќна кралица е само еден од многуте хитови на пејачката, која за жал, издаде само еден албум – „Без зборови“ со 11 песни пред да се пресели во САД.

Се сеќавате на Колекционер, На чекор од тебе, Илузија? А на хитот со Врчак – Дали да ти кажам?

Време е повторно да ги преслушате и да ги ставите на репертоарот на секоја наредна забава:

На чекор до тебе

Илузија

Дали да ти кажам

https://www.youtube.com/watch?v=y--1Jdq-c2c

Стопи ме

Колекционер

Без зборови

Крај


Ерзана, каде и да си денес, ти благодариме на убавата музика што ни ја остави...

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
„Тајна отровна“ на Владо Јаневски и уште 6 македонски хитови што се инспирирани од странски песни Дали сте знаеле дека некои од најпознатите македонски песни се всушност инспирир...
Објавена последната песна на Тоше Проески: „Кажу да време лечи све“ „Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”…се стиховите о...
Ај Кју со нова песна и спот снимен во Лондон - Слушнете ја „До тебе“ Бојан и Марија од Ај Кју по успешната преработка на „Молитва“ ни ја претставуваа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg