Невиден талент на кој регионот му се поклонува: 5-годишниот Љуба Станковиќ (видео)

Најмладиот натпреварувач во музичкото шоу „Ѕвездичките на Пинк“ со својот неверојатен талент стекна огромен број на фанови во целиот регион.

neviden-talent-na-koj-regionot-mu-se-poklonuva-5-godishniot-ljuba-stankovikj-video-01.jpg

Љуба Станковиќ од Белград инстантно стана момче ѕвезда со своето појавување во регионалното музичко шоу „Ѕвездичките на Пинк“.

5-годишниот Љуба со секој свој настап ги поместуваше границите и предизвикуваше овации од публиката и коментари полни воодушевување од членовите на жирито.

Најголем впечаток остави со изведбата на песната „Бато“ на нашата Калиопи за која се потребни неверојатни гласовни способности.

Воодушевената Калиопи во декември го сподели неговиот настап на социјалните мрежи и напиша: „Јас сум најголемиот фан на Љуба Станковиќ“.

View this post on Instagram

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Оттогаш тој беше на ниво на задачата и секој нов настап му беше подобар од претходниот. Изгледа новата ѕвезда во регионот е родена.

Потсетете се на дел од неговите настапи од крајот на минатата година:

https://www.youtube.com/watch?v=e-GOZ992B9c

https://www.youtube.com/watch?v=AeqwGQ0r-jg

https://www.youtube.com/watch?v=Jlm8Gq-lQpk

https://www.youtube.com/watch?v=W6wQZFe7qnE

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
„Има љубов во нас“ - Првиот сингл од новиот албум на Дани Димитровска „Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. С...
„Тајна отровна“ на Владо Јаневски и уште 6 македонски хитови што се инспирирани од странски песни Дали сте знаеле дека некои од најпознатите македонски песни се всушност инспирир...
Слушнете ја новата песна на Dimish – млад талентиран скопјанец кој прави музика од својата соба (вид... Dimish е 21-годишен артист од Скопје кој сам, во својата соба прави, снима и про...
Лена - нов музички артист на нашата сцена Нашата земја е преполна со музички таленти и ни е навистина драго што имаме квал...
По 10 месеци пауза, Лара се враќа со „Нека гори“ Скопје, 17.07.2023 – Девојката која ја разбуди и раздвижи македонската музичка п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg