Најдоброто од Џастин Тимберлејк и неговата музичка еволуција

По 13-минутниот спектакл кој го направи Џастин Тимберлејк на овогодишниот Super Bowl 2018, 37-годишниот пејач и актер повторно се најде во центарот на вниманието.

Najdobroto-od-Justin-Timberlake-i-negovata-muzicka-evolucija-01.jpg

По паузата од 5 години помеѓу двата последни издадени албуми тој се врати помоќен од кога било со Man of the Woods, кој воедно е и неговиот петти студиски албум со вкупно 16 песни.

Се чини дека времето на макарони-фризурата и неговиот бој-бенд NSYNC се одамна зад него.

Џастин еволуираше во сериозен музичар со свој сопствен стил, за кој секако многу придонесоа и продуцентите како Фарел Вилијамс и Тимбаленд.

Кои се најдобрите песни кои ги отпеа Џастин Тимберлејк досега?

Senorita

Секоро сечиј фаворит од првиот албум на Џастин насловен Justified од 2002 година.

Cry Me a River

Песна која исто така беше дел од деби албумот со многу озборуваниот текст и спот кој неодоливо потсетуваше на приказната со неговата поранешна девојка Бритни Спирс.

Rock Your Body

Успехот на првиот албум се заокружи со заразната Rock Your Body и танцувачките способности кои Џастин конечно ги покажа во полно диско светло.

SexyBack

Албумот FutureSex/LoveSounds од 2006 година најави нова ера и нов звук за Џастин Тимберлејк. За многумина ова е неговиот најдобар албум.

What Goes Around…/... Comes Around

Скоро 10-минутниот спот како мини филм со Скарлет Јохансон во главната улога покрај Џастин крена многу прашина, но не колку квалитетот и успехот на една од убедливо најдобрите песни на Тимберлејк.

Mirrors

Третиот студиски албум The 20/20 Experience од 2013 година го донесе огромниот хит Mirrors.

My Love

Уште еден хит кој потврди дека она што го прави Тимбаленд како продуцент е магија.

Tunnel Vision

Петтата песна од албумот The 20/20 Experience предизвика многу контроверзија со експлицитниот спот.

Losing my way

Уште една потврда зошто FutureSex/LoveSounds е маестрален албум.

Say Something

Фаворитот од последниот албум на Џастин е дует со кантри пејачот Крис Стејплтон. Спотот е снимен во еден непрекинат кадар, со изведба на песната во живо.


За најголемите обожаватели задолжително вреди да се споменат и Suit&Tie, Like I Love You, TKO, Dead and Gone, Summer Love, Carry Out, Can’t Stop The Feeling…

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
„Има љубов во нас“ - Првиот сингл од новиот албум на Дани Димитровска „Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. С...
Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН (06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот с...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
Промоција за нова песна и видео спот на Дарко Андонов ДААН – “Со кого заспиваш” Јас сум Дарко Андонов a.k.a. ДААН, псевдоним кој  го користам како уметничк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg