Одблизу со Дарко Медарски: Уличните уметници им го разубавуваат денот на луѓето

Нема некој кој поминал низ Градскиот трговски центар, а да ги нема забележано уличните уметници. Оние кои ја разубавуваат атмосферата на самата шопинг одредница. 

odblizu so darko medarski ulicnite umetnici im go razubavuvaat denot na lugjeto 8

Еден меѓу неколкуте редовни присутни е 23-годишниот музичар и студент по психологија, Дарко Медарски, кој со својата гитара и усна хармоника им го разубавува денот на замајаните минувачи кои отсутно гледаат по излозите. 

„Случајно налетав на отворен повик за улични уметници што го имаше распишано Универзална сала. Тогаш имав врска на далечина и мислите ми беа насочени кон тоа што сè можам да направам за да се гледаме почесто со девојка ми. Си замислував колку добро би било да заработувам од свирење, каде истовремено луѓето можат да дознаат и за мене“, раскажува Дарко Медарски, кој веќе пет години функционира како уличен уметник и е радосен што му се исполнило посакуваното. 

„Моментот дека ќе заработувам излезе подобро од замисленото, а и дека луѓето ќе ме препознаваат. Друг момент кој не го замислив е дека ќе се надоградам и работите ќе се одвиваат динамично“, споделува тој.

На почеток стартувал само со гитара и усна хармоника, а на репертоар имал пет песни. Но, во меѓувреме успеал да купи нови гитара и појачало, напишал доста песни, запознал секакви луѓе и остварил контакти, па дури и отпатувал надвор од Македонија.

odblizu so darko medarski ulicnite umetnici im go razubavuvaat denot na lugjeto 5

„Во Бугарија единствена разлика е што има море и секси женски тела на плажа, и те оптеретуваат за националност без никаква причина. Тоа се во главно постари луѓе и мал дел на помлади. Опуштеноста е иста и финансиите исто така“, раскажува Дарко за едно од своите искуства каде се здружил со добри ликови со кои сè уште е во контакт.

„Германија е евро, а Германците имаат пари и почитуваат добра музика со врвна изведба, а јас свирам само добра музика со врвна изведба. Многу се искулирани, полесно остваруваат контакт со тебе и се забавуваат. Но, од друга страна правилата им се поригорозни за улична изведба. Во некои градови можеш да свириш половина час и потоа мора да се преместиш 100 метри од претходната локација, некаде бараат да платиш дозвола. Друга поголема работа е што многу лесно може да те види некој и да те викне да свириш во некој локал или на приватна забава за убави пари, или пак да побара да ти купи цеде. Во секој случај имаат многу поголема почит врз музичарите и те гледаат како натпросечен човек. Освен ако не си лош, па тогаш воопшто нема ни да те забележат“.

odblizu so darko medarski ulicnite umetnici im go razubavuvaat denot na lugjeto 3

За Турција вели дека претставува различен свет. Дека генерално си ја почитуваат нивната култура и не слушаат европска музика како што свири тој. Имал мали проблеми со полиција, но и добри моменти по кои ќе се сеќава на патувањето.

„Интересно е што Турчинките сакаат странци и музичари. И тие убавите, имаат магична светлина во очите“, додава тој.

odblizu so darko medarski ulicnite umetnici im go razubavuvaat denot na lugjeto 6

За Дарко ГТЦ претставува втор дом, иако во последно време има некои измени кои му пречат. Благодарение на ГТЦ тој се изградил во комплетен уметник.

„Македонците нè почитуваат и поддржуваат. Некако чувствувам одговорност дека ние сме тие што непосредно го менуваме погледот за уметноста“, споделува Дарко.

„Луѓето одат на работа, купуваат, шетаат, дуваат лепак, и имаат директен контакт со нас и нашата емоција. Друго е кога ќе чуеш и видиш на телевизија, радио. Директниот контакт без преграда, бина, обезбедување, е чист контакт кој може да те допре, може да разбуди нешто во тебе“.

odblizu so darko medarski ulicnite umetnici im go razubavuvaat denot na lugjeto 7

Често се случувало деца да го гледаат зачудено, да играат и да ги влечат нивните родители за да го слушнат и тие. Повозрасните, оптоварени со своите мисли застанувале штом ќе допрела некоја убава мелодија до нив.

Тоа се моменти, како што вели Дарко, кои им го менуваат денот на луѓето. Неодамна некоја постара жена му оставила пари и заблагодарувајќи се му рекла дека ѝ го разубавил денот.

Толку многу приказни кријат ходниците на ГТЦ на кои Дарко со задоволство се присетува. Моментално, освен што сака да свири во секоја можна прилика, тој е насочен кон докупувањето на опрема за неговиот бенд Man In a Suit за да можат годинава да го издадат нивниот прв албум.

odblizu so darko medarski ulicnite umetnici im go razubavuvaat denot na lugjeto 2

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН (06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот с...
Промоција за нова песна и видео спот на Дарко Андонов ДААН – “Со кого заспиваш” Јас сум Дарко Андонов a.k.a. ДААН, псевдоним кој  го користам како уметничк...
Дарко Андонов ДААН во дует со младата Тијана Периќ го промовираа новиот сингл „Кога знам“ – освежува... Дарко Андонов или попознат како ДААН заедно со младата Тијана Периќ вчера (03.04...
Промоција за нова песна и видео спот на Славчо Крежески – Одведи ме дома Славчо Крежески е музичар и музички ентузијаст роден во Струга, но подолг период...
Првата песна на Тамара Волческа на македонски јазик - „Место од спомени“ На 12.07.2023 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата прв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg