Каролина со нов сингл: Две Лири

После „Чалгиска“, новиот хит на Каролина е „Две лири (не ни било пишано)“.

karolina-so-nov-singl-dve-liri

Нежната „Чалгиска“, која беше вистински радиски хит изминатиот период ,има свој уште поубав наследник сингл.

Новиот албум „Македонско девојче 2“ на поп-дивата Каролина Гочева изобилува со фантастични обработки на старите заборавени македонски песни кои се вистинска музичка ризница.

Како нанижани алтани се сите песни и во ова второ продолжение. Песната „Две лири“ има вистинска мелодија која милува и стихови отпеани со глас кој разнежнува.

Никола Мицевски е потпишан под нотите на музиката и аранжманот, зборовите од текстот се на Валентин Соколевски, а музичарите кои ја изведуваат се: Благојче Трајковски - кларинет; Влатко Крстев - виолина; Зоран Костадиновски - гитара; Бошко Мангаровски -канон; Оливер Јосифовски -контрабас; Благоја Антовски - тапани; Никола Мицевски - клавир.

Кулминацијата на овие звуци и промоцијата на албумот, како што најавија од нејзината менаџерска куќа „Авалон“, ќе се случи на петте концерти во Македонската Опера и Балет на 20/21/22/23/ и 24 февруари, каде секој присутен ќе може да го добие премиерно и целиот албум.

Слушнете ја новата песна на Каролина Гочева „Две лири (не ни било пишано)

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg