Давид Темелков ја сними првата негова песна (видео)

Во Х-фактор Адриа успеа да стигне речиси до финалето и тоа е огромен успех за него. Тој беше првиот кој ја расплака Александра Ковач, уште за време на аудициите, а често добиваше поддршка и од докажани музичари како Калиопи и Тони Цетински.

david-temelkov-ja-snimi-prvata-negova-pesna-video-01.jpg

Тоа што не победи или не беше дел од 10-те избрани финалисти, воопшто не го поколеба да продолжи да работи на својата музичка кариера.

Веднаш по излегувањето од Х-фактор доби понуда од врвни македонски композитори кои веќе подготвија песна за него со која ќе почне да го освојува Балканот.

Првата песна која ја отпеа Давид „Ti si moja ulica“ е на српски јазик, со текст на Огнен Неделковски, музика на Григор Копров и аранжман на Владимир Дојчиновски, а многу наскоро се очекува во етер да излезе и македонската верзија.

Слушнете ја:

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg