Мартин Милески од Охрид со две нови преработки на Оливер Драгојевиќ и Duke Dumont (видео)

Додека сите ги замислуваат своите зимски одмори и како ќе го потрошат времето за квалитетно да се одморат, младиот охридски гитарист Мартин Милески не го напушта студиото и напорно работи на своите проекти.

dve-novi-prerabotki-na-gitaristot-Martin-Mileski-01

Имено, Милески работи на својот нов албум, а паралелно на тоа планира да изработи преку 20 кавери на песни кои што како што самиот вели му сраснале за срцето.

Во весела предновогодишна атмосфера, тој овојпат изработи два кавери на добро познатите, „Ocean Drive“ од Duke Dumont и „Молитва за Магдалену“ од Оливер Драгојевиќ, чии видео запис беше документиран од младиот фотограф Кристијан Љушев, а нивната соработка стана синоним за добар производ.

Тој вели дека овие две песни се новогодишен подарок за сите кои ја поддржуваат и почитуваат неговата работа, но исто така, тие го означуваат почетокот на она што тој го нарекува маратон со преработки кои ќе имаме можност да ги слушаме во иднина.

Кога го запрашавме како ги одбира песните кои ќе ги преработи тој вели, дека „секоја песна исто како и луѓето има посебна приказна која остава вечен жиг врз него на емоционален план, па оттаму станува добар кандидат за преработка“.

Како звучат жиците на неговата електрична гитара понесени од емоциите на младото емотивно срце, погледнете во продолжение:

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg