Шведска е победничка на Евровизија 2015 (видео)

На јубилејното 60-то издание на изборот за „Песна на Евровизија“ кој се одржуваше во Виена, Австрија, победничка е песната на Шведска.

svedska-e-pobednicka-na-evrovizija-2015-video-01

Претставникот на Шведска, Монс, цело време важеше за еден од најголемите фаворити за првото место со песната „Heroes“.

Тој ги доби сите пофалби и за сценскиот настап и за изведбата, но и за изгледот како еден од најголемите миленици на женската публика.

На крајот, испрати порака дека сите сме херои без разлика кои сме и каде сме, секој на свој начин е херој.

Шведска за првото место освои 365 поени, на второто место е Русија со освоени 303 поени, а на третото место е Италија со освоени 292 поени.

Слушнете ја победничката песна:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg