Емина Јаховиќ, Жељко Самарџиќ и Маид Хеќимовиќ го затворија „Пивофест“ 2014

Вчера вечер, 20-ти јули, беше затворен 12-от фестивал на пивото - „Пивофест“ 2014. Традиционално како и секоја година се јадеше многу скара, се пиеја тони пиво и се слушаше добра музика.

emina-jahovik-zeljko-samardzik-i-maid-hekimovik-go-zatvorija-pivofest-2014-01.jpg

Главни ѕвезди на затворањето беа Жељко Самарџиќ, Емина Јаховиќ и ѕвездата од овогодинешниот Х-фактор Маид Хеќимовиќ.

Маид и Емина ја загреваа атмосферата пред полноќ, додека забавата кулминираше со хитовите на Жељко нешто по полноќ.

Точните бројки на посетителите сè уште не се официјализирани, исто како и сите пропратни информации - испиеното пиво, изедената скара, безбедноста на настанот...

Сепак, фотографиите од затворањето ја детално го раскажуваат уживањето на љубителите на пивото и добрата музика:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg