Музика за душа на „Вино – Скоп“ 2014

Овогодинешното издание на реномираниот вински фестивал „Вино – Скоп“ 2014 , покрај понудата на широка винска селекција, вкусна храна и апетисани, најавува и вистинска музичка експлозија која ќе ги задоволи дури и најистенчените вкусови на музичките љубители.

muzika-za-dusa-na-vino-skop-2014-01

Од 24. до 28. септември на плоштадот „Карпошово востание“, ќе имаме можност да уживаме во музиката на :

Браќата Тавитијан и проектот „Македонското срце чука во 7/8“ со изненадување - специјален гостин; „Хроматик поинт – етно - метал бенд чие време допрва доаѓа;  секогаш позитивната рокерка Дани Димитровска; „XXL- млад и перспективен рок бенд од Тетово; мајсторот на ноќните свирки - Бени Шакири и „Нон Стоп; „Тоа е тоа – бенд составен од  музички имиња од легендарните „Конкорд“, „Лева Патика“, „Цилиндар“.

Битолчаните „Фолтин“ ќе настапат со нивната универзалната музичка експертиза;  Само Тони и Две Жени - лудо кабаре шоу - кавер и комедија; по пауза од скоро една деценија, концерт ќе има и  македонскиот срцекршач Дарио.

Eден од доајените на македонската народна песна - Миле Кузмановски; Благица Павловска - легендарната македонска фолк дива; актерот Тони Михајловски и Скандал Састаф.

Ќе има и гости од соседството како Маријан Мониќ - млада ѕвезда oд хрватската естрада во придружба на гитаристот Кристијан Ковач, ска-панк бендот „Офчестра од Приштина и двократните победници на Гуча, Србија – „Уска Кан оркестра - прогласени за најдобар меѓународен оркестар за 2014.

Незаборавните хит мејкери - Куку Леле; младата сензација – „Бета Хаус; Клевала македонски етно-џез бенд; „Митан проџект - обновена македонска народна музика со Андријана Јаневска и многу други македонски музички генијалци; Чалгии како и Дј Тина со тематски целодневни забави и др.

„Вино - Скоп“ e фестивалот кој секоја година ја одбележува есента во Скопје. По осми пат оваа година подгответе се за будење на сите ваши сетила.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg