Програма за 11-та Бела Ноќ

На 03-ти октомври, по 11-ти пат се одржува Бела Ноќ. Изберете ги вашите фаворити и посетете некој од понудените настани.

programa-za-11ta-bela-nok-01.jpg

Влезот за сите настани е бесплатен, а ова е целосната програма:

ГЛАВЕН НАСТАН:

THE STROJ (Словенија) - Плоштад ПЕЛА


МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА:

20:30 - ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРАЊЕ

Изложба: „Црвен петел - црна кокошка: култови на плодност, обреди, обичаи и верувања“.
Изложбата претставува дел од култовите на плодност што се практикувале на територијата на Македонија од предисторијата до денес. Предисториските женски фигурини, античките садови и ламби ја претставуваат археолошката манифестација на овие култови. Култните места, коишто и денес се посетуваат за жените да го добијат посакуваниот пород, се прикажани преку текстови и фотографии.

Настап на групата Џоломари од селото Бегниште - василичарски обред со маски.
Обичаите со маски, кои го обележуваат крајот на зимата и возобновувањето на природата, се полни со симболички ритуални дејствија, кои треба да обезбедат плодност на луѓето, стоката и посевите. Овие архаични обичаи се презентираат и со настапот и документарниот филм на групата со маски „Џоломари“ од село Бегниште, Кавадаречко.

Настап на диџеј Шурбе & Ѓорѓи Јаневски (Канал 103)

 
МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР

Галерија МКЦ - 21:00

Протест - Сексплозија
+ олтар на вагини

Изложба на Горјан Ѓорѓиев
Две изложби наместо ретроспектива
Во Галерија МКЦ и „Храм со кодирана порака„

МКЦ хол, плато - 21:30

Антони Мазневски - Времено 52’ / Temporary 52’
дело во процес, уметнички чин што подразбира и дозволува повеќе начини на интерпретација, реализација и презентирање: перформанс (улично-галериски), фотодокументација, видеодокументација.
Идеопластички.....флека , брош, статус, симбол...жив морфем. Мобилна структура во постојана трансформација. Погледнато социолошки, едно поимање и естетика на појавувањето и исчезнувањето. Погледнато на атомско ниво, светот се појавува како едно сложено ткиво на настани во кои врскита од најразличен вид меѓусебно се надополнуваат, преклопуваат и комбинираат и со тоа ја одредуваат текстурата на целината.

МКЦ плато - почеток 21:30

Fusnota, Палиндром, Millko, Тело-Наука
Совршена, Tajcido , DJ Jona


ГОРНО ФОАЈЕ НА КИНО ФРОСИНА - 20:00

Мултимедијален перформанс: East meets West
визуелна арт-егзибиција, која претставува обид за поврзување на луѓето и културите од двете хемисфери, обид за размена на идеи, промоција на големи културни размени меѓу Истокот и Западот.
куратор:Kerwin Williamson
уметници: Kerwin Williamson, Abede Lovelace, Leni von Geleva, Лилика
Стрезоска, Јана Јакимовска, Василије
Смилевски
Писатели/поети: Никола Џилвиџиев,
Дубравка Смилевска
Музичари: Абе Ана Човече, Александар
Никодиновски

Дансинг сала

Сашо Поповски – РЕАЛНОСТА НА ВИРТУЕЛНОТО/REALITY OF THE VIRTUAL
мултимедијална изложба - светлечки кутии (light box). Проект што започнува со визуелна обзервација на развојот на матичните кутии на компјутерите.

Дарко Заревски – изложба на две слики “Look, no hands” - (35х54; 85х44)
Сирова комбинација од веќе постоечки мотиви со секојдневни елементи и форми на веќе еднаш употребени материјали. Патетично сек'нд хенд колажирање изведено со неколку тонови спреј и стенсил (шаблон).Интервенции врз смислата, барајки го само нејзиниот апсурд .

Кристина Зимбакова - Потоморена револуција/Concealed Revolution
Комбинирана техника на лично користен душек (акрил, јаглен, свила, лишаи Pseudoevernia sp. и Xanthoria parietina, потпрено на два примерока од габа Fomes fomentarius)


ПЛОШТАД ПЕЛА - 20:30

Модна ревија – модно студио Црнокрак

Protagonist - The Protagonist се основани во ноември 2010 година од Р. С. Раш и Кузман. Нивниот деби албум „No Exit Museum“ (излезе во мај 2015 година за „Пасворд продукција“) е базиран на текстуално богати, интертекстуално содржајни и инспиративни концепти, од научна фантастика, драмски дела па сè до човечки и природни околности

The Stroj (Slo) - „The Stroj“ е составен од осум перкусионисти кои користат неконвенционални „инструменти“ при создавањето на музиката, како метални буриња, искористени метални делови од машини и низа други делови, најчесто пронајдени по отпадите за стари автомобили.


УЛИЦА МАКЕДОНИЈА:

Венета Иљовска – инсталација, книжевно катче


МАЈКА ТЕРЕЗА, ПЛАТО - 20:30

РЕБИС – Кореографија на улица/Street dance
кореографии и деца од сите возрасти (од 4- 20 год.). Со овој тип на настап публиката се запознава со уличните уметности и танци.

21:00
Ивана Атанасова – „Ќе има (ли) војна“

театарски перформанс
„Ќе има (ли) војна“ е кратка театарска фантазија којашто посочува прст кон толпата и нејзината масовно
хистерична моќ, а истовремено го
преиспитува индивидуалецот. Ги гледаме неговите борби и падови, камшиците на сметка на индивидуалноста, лузните од кажаното, гневот свртен кон себеси и борбата да се надмине сето тоа, барајќи го најсоодветниот одговор со кој тој, уметникот, располага - креацијата.

21:45
Поетско читање
учествуваат: Ѓоко
Здравески, Андреј Ал-Асади, Давор Стојановски, Биљана Стојановска,
Владимир Лукаш, Гаврило
Миловановиќ, Даниел Карески, Марта Маркоска, Николина Андова Шопова, Снежана Стојчевска


НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА
- 21:00

Изложба на Јасмина Новковска - насловена: „Во кој свет живееме„


КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

„Четири пози„
Автори:
Никола Мартиновски
Васил Василев
Мирослав Масин
Никола Ангековски


ДОМ НА КУЛТУРАТА КОЧО РАЦИН - 21:00

Дороти Пачкова – проекција на документарен филм (30 мин.)
Преку повеќе медиуми ги актуелизира темите од секојдневниот живот на единката поврзани со родовото прашање – родовиот идентитет, нарушениот перформатив на тема посветена на самохраните мајки-односно еднородителски семејства кои се соочени со бројни предизвици во секојдневната борба за базичниот егзистенс.

Александар Лахтов – проекција на краткометражен филм (9 мин.)
- Приказна за двајца биснисмени длабоко вмешани во валканите игри полни со измами, клевети и заблуди. Биснисмените, некогаш најдобри пријатели, вплеткани во мрежата на криминалот, одлучуваат да го земат законот во свои раце.


ШКОЛКА, ГРАДСКИ ПАРК - 20:00

Панк-рок фестивал
Флукс , Тотално Опуштање, Културно Уметнички Работници, Hosenfefer, Psycho-Sonic Boris, Swatovski


АРМ

Здружение на копаничари
Изложба на копаничарски дела од автори од Македонија.
Делата ќе бидат со различна тематика како на пример: флора, фауна и други
мотиви.


КУРШУМЛИ АН
- 21:00

Ана Димчевска – „Зигот“ – изложба, акварел и темпера
Изложбата „Зигот“ го зачнува перепетуалното прашање за човековото постоење преку создавањето, љубовта и социјалните бариери. Предизвиците пред изборот се длабоко интегрирани во делата, надополнети со чистиот естетски израз, отсликан низ етичкиот код
на суштествувањето.


ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ - СКОПЈЕ - 21:00

Музичко-поетска програма

Промоција на Библиографија на монографски публикации „Скопски писатели“ од Сузана Данаилова


ГАЛЕРИЈА ГРАЛ

Специјална поставка - Отворена цела вечер


КИНО МИЛЕНИУМ

24-часовен филмски маратон
со почеток од 12:00 (3.10.) до 12:00 (4.10.)


ДКЦ во МКЦ - 17:00 – 22:00

Во временскиот интервал од 17 до 22 часот ДКЦ ќе биде отворен за активности како на пр. цртање, танцување, глумење (импровизации), едукативни игри, а со децата ќе работат едукатори, кои се непосредно одговорни за работилниците што се одржуваат во центарот.

Влезот во тој термин ќе биде бесплатен.


Попладневно матине
во Зоолошка градина - бесплатен влез од 17:00 до 19:00 часот

Бесплатен транспорт со линиите 8 и 15А на ЈСП Скопје од 17:00 до 19:00 часот

Бесплатен транспорт со автобусите на ЈСП Скопје од 19:00, на сите линии кон центарот на Скопје

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg