Шопинг магијата пристига и во Скопје: Големи попусти и изненадувања за Black Friday во Skopje City Mall

Скопје (25.11.2015) Black Friday e најголемиот и најпознатиот ден за шопинг во историјата на нашата планета. Единственото значење на  последниот петок во ноември, 27-ми, е шопинг манијата се големите попусти и можноста секој да може да го купи она што го сака по евтини цени какви што не можеме да сретнеме во текот на целата година.

shoping-magijata-pristiga-i-vo-skopje-golemi-popusti-i-iznenaduvanja-za-black-friday-vo-skopje-city-mall-001.fw.jpg

Налик на светските метрополи и Скопје веќе традиционално го зафаќа Black Friday, кога на 27ми ноември Skopje City Mall се вклучува во шопинг манијата препознатлива низ светот, која всушност е најава за новогодишните празници и популарните предновогодишни активности.

Повеќе од 90 продавници од 10:00 часот па до полноќ во петок, вклучувајќи ги и најатрактивните брендови во Skopje City Mall кои покрај актуелните попусти кои ги имаат во моментов, ќе понудат и специјални Black Friday попусти кои ќе се движат од 10 до 70 отсто.

Минатата година најпопуларниот ден за шопинг на светот во нашиот најголем мол помина со преполни продавници и ходници, како и задоволи посетители и купувачи. Од Скопје Сити Мол велат дека и оваа година се е подготвено во петок на 27ми потрошувачите да уживаат во шопинг по светски стандарди.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg