Како до бесплатни билети за финалето на Еуро 2016?!

Европското првенство во фудбал е најголемата спортска манифестација и за фановите на овој спорт светот застанува. Цел месец целиот фокус е на играта што одамна е многу повеќе од спорт.

kako-do-besplatni-bileti-za-finaleto-na-euro-2016-1.jpg

Многу угостителски објекти се приспособени за групно гледање натпревари, а од оваа година дури и неколку интернационални авиокомпании им овозможија на своите патници непречен пренос на првенството, на кое учествуваат 24 европски репрезентации, кои играат на 10 стадиони во Франција, на кои се очекува посетеност од околу 2,5 милиони гледачи.

Како синтеза на најпопуларниот спорт, најголемите спортски имиња и огромната еуфорија, Еуро 2016 ги поттикна Скопје сити мол и Кореа ауто трејд, официјален дистрибутер за Hyndai во Македонија, да ги поддржат сите фудбалски фанови, идни фудбалери и навивачи, креирајќи активности со кои ќе внесат возбуда во овие денови на фудбалското првенство и ќе ги наградат потрошувачите.

Иницијативата „Шут, гол, Сити мол!“ одново ќе им донесе радост и возбуда на фудбалските фанови, кои ќе имаат можност да освојат патување за двајца на финалето на ЕУРО 2016 во Франција или една од многуте официјални награди.

Креирајќи ги овие активности Скопје сити мол сака да ја сподели страста кон фудбалот и да ги поттикне потрошувачите на партиципативен и толерантен спортски дух и фудбалска култура, во контекст на Европскиот шампионат во фудбал.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg