Денови на Кариера 2017: Уникатна можност за пракса и вработување

По 20 успешни години традиција и оваа година, во ново руво АИЕСЕК Скопје и Економски факултет УКИМ Скопје го претставуваат настанот којшто на своите делегати им донесе безброј контакти, вештини и алатки и обезбеди простор за соединување на очекувањата меѓу студентите и компаниите, Денови на Кариера.

denovi-na-kariera-2017-unikatna-moznost-za-praksa-i-vrabotuvanje-02.jpg

Во екот на пролетта, на 17 март во просториите на Економскиот факултет, ќе се обидеме повторно да ги задоволиме потребите на движечката сила на иднината, студентите и корпоративниот сектор, компаниите. Делегатите оваа година ќе имаат уникатна можност со учеството, да заминат од настанот со пракса или пак понуда за вработување.

Како ќе го сториме тоа?

На агендата тој петок, покрај одгатнување на прашањето Како до поголема вредност на студентот пред работодавците?“ коешто е тема на панел дискусијата, додадовме и  компаниски презентации и работилници од истите , составени со цел создавање средина каде што делегатите ќе имаат можност нешто ново да научат, но и да ги покажат своите способности и да бидат препознаени од компаниите. На овие работилници студентите би имале шанса да се запознаат со успешни приказни од македонската бизнис сфера и да бидат регрутирани од страна на компанијата како практинакт или вработен. Компаниите пак, имаат шанса да допрат до потенцијалот на македонскиот студент, а воедно и да го развијат и инкорпорираат во својот состав.

denovi-na-kariera-2017-unikatna-moznost-za-praksa-i-vrabotuvanje-03.jpg

Зошто да аплицирате веднаш?

АИЕСЕК како организација верува дека лидерството е основното решение за сите глобални и локални проблеми. Според ова, ние веруваме дека секој проблем што го засега нашето општество може лесно да се реши доколку на македонската младина ѝ се овозможи да стане лидер за позитивна промена. Но, за да се реализира оваа цел она што ѝ треба на младината не е само теоретско, туку и практично знаење и искуство, а со овој настан – Денови на Кариера 2017, го обезбедуваме токму тоа.

denovi-na-kariera-2017-unikatna-moznost-za-praksa-i-vrabotuvanje-04.jpg

Каде? Како? Кога?

Котизацијата за настанот чини 300 денари и истата ви овозможува незаборавно искуство во текот на целиот ден. Сè што треба вие да направите е да викнете друштво, аплицирате на следниов ЛИНК, да дојдете на 17ти март на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје и да се впуштите во мрежата од можности што ги нуди Денови на Кариера 2017!

denovi-na-kariera-2017-unikatna-moznost-za-praksa-i-vrabotuvanje-01_copy_copy.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg