Забава во Охрид на плажа Оревче, под име Wiggle со Terry Francis и Eddie Richards

zabava-vo-ohrid-na-plazha-orevche-pod-ime-wiggle-so-terry-francis-i-eddie-richards-01.jpg

Кафе пабло и dy-na-mix (лондон) организираат забава во Охрид на плажа Оревче, под име Wiggle. 

Вечерта ќе настапат веќе познатите миленици на Скопската клубска публика Terry Francis и Eddie Richards.

Откако првично почна да се одржува на месечна основа на повеќе локации низ Лондон, кои често се држеа во тајност, забавата израсна и се разви преку својата политика за промовирање на оригналниот дух на Асид хаус движењето; каде атмосферата е непретенциозна, озвучувањето е громогласно и каде апсолутно сите се забавуваат.

Wiggle е неспоредлива ноќ и постојано е чекор пред времето, и по 22 години игра на висока нога, Terry Francis, Eddie Richards и Nathan Coles продолжуваат натаму да го нудат тек-хаус звукот на иднината. Оваа клубска вечер кoja веќе долго време има посебно место во срцето на британската aндергроунд сцена.

Инаку во Македонија Wiggle od London, за прв пат беше организирана пред повеќе од 14 години, односно 2003 та година во клубот Елемент. Забавата и денеска се памети и се раскажува. 

Terry Francis  резидент на легендарниот клуб Fabric од Лондон каде настапува од дента кога клубот ги отвори своите врати, а со своите диџеј сетови постојано ја потцртува својата позиција на двигател на сцената и нејзин трендсетер.

Eddie Richards  е типичниот пионер на денс музиката и „британскиот основоположник на хаусот и техното“ (Mixmag) е еден од првите диџеи кои ја промовираа хаус музиката во осумдесетите и кој израсна во клучна фигура на новото музичко и културно движење, кое експлодираше во светски рамки. Eddie Richards е познат како лидер на тек-хаус звукот, но во реалноста, тој само свири затрашувачки добра музика која со децении ги придвижува подиумите низ светот.

Вечерта ќе ја отворат Боле и Дарко Јорданов

Почеток 22.00

Влезници: Кафе Пабло, Кафе Излет во Скопје

Плажа Оревче во Охрид

По цена 250 денари, врата 300 денари

Евентот е овозможен и подржан од Win Music Freedom, Red Bull и VipOne

zabava-vo-ohrid-na-plazha-orevche-pod-ime-wiggle-so-terry-francis-i-eddie-richards-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg