Кулинарска забава за сите генерации во големото Веро шоу

Прославата на големиот јубилеј на Веро, 20 години постоење на македонскиот пазар, ќе се заокружи со шоу за готвење со познати личности што ќе се одржи во петок, сабота и недела (од 6 до 8 октомври) во Веро центар. Познатите личности во шоуто, помогнати од готвачи од неколку реномирани ресторани, во живо ќе покажат како се снаоѓаат во кујна и какви рецепти „им лежат“ за приготвување. Прославувањето на јубилејот на Веро почна пред еден месец, период во кој компанијата ги награди своите лојални потрошувачи со специјални најконкурентни цени на производи, примамливи акции и бројни изненадувања.

kulinarska-zabava-za-site-generacii-vo-golemoto-vero-shou-2.jpg

Веро подготвува вистински спектакл во кој ќе учествуваат шест познати лица. Своите вештини во специјално дизајнираната кујна на Веро ќе ги покажат актерките Весна Петрушевска и Тања Кочовска, водителите Лила Стојановска и Жаре Бербер и музичарите Ѓоко Танески и Петар Младеновски од Суперхикс. Во секој од трите денови на шоуто ќе има двајца натпреварувачи кои ќе треба да приготват конкретен зададен рецепт со производи од Веро маркетот. Рецептот на денот ќе го предлагаат познатите ресторани „Пелистер“, „Томче Софка“ и „Барбакан“, а реномирани готвачи од овие ресторани ќе бидат дел и од стручното жири кое ќе ги оценува приготвените рецепти и ќе го прогласува победникот на денот.

Секој што сака да биде дел од ова шоу за готвење и сака да го следи во живо може да дојде во Веро центар. На првиот ден од шоуто, во петок (6 октомври) од 17 до 19 часот, ќе се натпреваруваат Весна Петрушевска и Пеце од Суперхикс кои ќе готват рецепт предложен од ресторанот „Барбакан“. Вториот дуел ќе биде меѓу Лила Стојановска и Жаре Бербер во сабота (7 октомври) од 12 до 14 часот со рецепт на ресторанот „Пелистер“. На последниот ден во недела (8 октомври) ќе учествуваат Тања Кочовска и Ѓоко Танески кои од 12 до 14 часот ќе готват рецепт предложен од ресторанот „Томче Софка“. Веро шоуто за готвење ќе може да се следи и преку фејсбук страницата на Веро каде ќе има неколку директни вклучувања.

kulinarska-zabava-za-site-generacii-vo-golemoto-vero-shou-1.jpg

- Јубилејот го прославуваме заедно со нашите потрошувачи со тоа што ќе приредиме шоу за готвење во живо само за нив,каде преку многу хумор и смеа ќе им овозможиме да поминат квалитетно време во Веро центар. Изминатиов месец го славевме роденденот со одлични понуди наменети за сите потрошувачи, со што продолжуваме кон нашата цел да ги задоволиме целосно потребите на потрошувачите со конзистентна работа во изминатите години. Многу нѐ радува што дел од најреномираните ресторани, кои се снабдуваат со производи токму од Веро, исто така ќе бидат дел од ова спектакуларно шоу – велат од одделот за маркетинг на Веро. 

Веро годинава одбележува 20 години од отворањето на првиот маркет во земјава. Оттогаш до денес компанијата се профилираше во еден од најуспешните продажни синџири во трговијата на мало, со мрежа од 12 маркети во три градови во Македонија. Менаџментот на „Веро“ прославата на јубилејот ја посветува на своите лојални потрошувачи кои во голема мера се заслужни за успешното работење на компанијата во изминатите 20 години.

kulinarska-zabava-za-site-generacii-vo-golemoto-vero-shou-3.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg