Програма за Бела Ноќ 2017

Во сабота, на 7-ми октомври, ќе се случи 13-тата Бела Ноќ на разни локации низ Скопје.

programa-za-bela-nokj-2017-001.jpg

Деталната програма во продолжение:

САЛВАДОР ДАЛИ – „ПОМЕЃУ ЅВЕЗДИТЕ И БАСНИТЕ“
20:00; (Галерија МКЦ)

Изложбата е организирана во соработка со „Висконти уметничка галерија“ од Љубљана и Централноевропскиот културен центар од Нови Сад и претставува серија од 11 нумерирани и потпишани графики, кои ги илустрираат басните на Жан де Лафонтен, како и неговиот портрет, виден со очите на Салвадор Дали и тринаесет графики од серијата Зодијак.

Шпанскиот уметник ги илустирал познатите басни како „Гавран и лисица“, „Коњи и волк“, „Лавовиот двор“, „Болниот елен“. Оваа серија бакрорези е создадена во 1974 година и е печатена на 250 графички табли, кои се чуваат во многу галерии низ целиот свет.

Ќе бидат изложени и дела од опусот „Вечерата на Гала“, „Божествена комедија“, и познатите Далиеви коњи, како и една скулптура во позлата, наречена „Жена жирафа“. Вкупно 29 дела од овој мајстор на уметноста.

Tago&АtoBIZ 
ТАГО: КОРЕЈСКИ ТАПАН 2
21:00; (Плоштад Македонија)

Заборавете на стресот и вратете ја назад вибрантната енергија во вашиот живот. Одличен микс на корејски традиционални инструменти, почнувајќи од огромни тапани, до мали перкусии со доза на древни боречки вештини, чија цел е да го збогатат перформансот со динамични движења.

30-ина актери, танцувачи, изведувачи и членови на оваа светска атракција, ќе нѐ почестат со свој 70-минутен перформанс носејќи нѐ во сосема друг свет.

Ова гостување во рамките на Бела ноќ е во соработка со фестивалот МОТ, т.е. во МОТ+ програмата.

ПРИРОДОНАУЧЕН МУЗЕЈ

Постојаната поставка на Музејот опфаќа површина од 1700 м2. Во неа се изложени околу 4000 оригинални експонати, со над 270000 примероци од геата, флората, фунгијата и фауната на Македонија.

СЕКСОТ И РЕВОЛУЦИЈАТА 
(МКЦ, горно фоаје)

„Последното прибежиште овозможило сексуална револуција“, тврди Џери Рубин, американскиот антивоен лидер од 60-тите. Теоретичарите на сексуалната револуција сметаат дека таа започнала во 20-тите со забрзаниот развој на технологијата, медицината и филмот. Жените ги кратат косите и здолништата, а мажите бараат карта повеќе за последното седиште во кината. Роза Луксембург во Берлин му пишува на драгиот Лео писма и бара повеќе секс, заедно со револуцијата. Марлен Дитрих игра на шанк на геј-клубовите и носи различни жени и мажи во кревет.

Авторски тим:
Катерина Станковиќ - Бјеговиќ, ликовна уметничка
Јелена Живковиќ, историчарка

Инсталација: „ТАНЦУВАЊЕ НА ПРИРОДАТА“ 
од Марија Светиева
(МКЦ, долно фоаје)

Стефан Димовски
САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА
(Дом на културата „Кочо Рацин“)

Роден 1983 во Скопје, во уметничко семејство. Сериозно започнува да се занимава со акварел во 1995. Долгогодишниот престој во Франција му увозможува да воспостави контакти со познати акварелисти и да ја усоврши акварелната техника до перфекција. Досега има учествувано на повеќе групни изложби во Сан Рафаел, а исто така своите дела ги изложувал во повеќе галерии на југот на Франција.

Во неговите дела покрај чистиот акварел, присутна е и комбинирана техника (акварел, колаж, акрилик, сепија).

Антонио Пирковски
„РЕМЕМОРИРАЊЕ“
Музеј на град Скопје
Кодирање: Кристиан Цветковски и Маја Лилчиќ - Машински инженери

Проектoт „Ремеморирање“ е кодирана интермедијална амбиентална инсталација. Светлосните и звучните стимулатори, кои се рефлектираат од инсталацијата, низ дразбите ја симулираат невронската слика на мозокот, во кој постојано се емитуваат сигнали од милиони неврони бомбардирајќи ја човечката свест. Шематски поврзаните елементи и ефектите од инсталацијата, визуелно се синхронизираат со невидливата улога на невроните-канали.

Информациите низ електричните сигнали-нервни импулси се пренесуваат на друг нерв или на некоја ефекторска клетка преку синапсите во кои е складирана меморијата.

МУЗИЧКА ПРОГРАМА (МКЦ):

21:00 - Alex Jønsson Solo, Данска (Џебно кино)


Плато МКЦ:

21:30 Barbarisms, Шведска
Conquering Lion, Македонија
Ninos du Brasil, Италија


Сала 25 Мај:

I TPAME I TVRAME, Албанија
UJ PA GAZ, Албанија
KANTON6, Македонија
НИНО НАУМОВ, Македонија

24-часовен филмски маратон
12:00; (Кино Милениум)

*Бесплатен транспорт со автобусите на ЈСП Скопје од 19:00, на сите линии кон центарот на Скопје.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg