Најголемиот ФЕСТИВАЛ ЗА ДЕЦА викендов во Skopje City Mall

Денес кога сите живееме со брзо темпо и водиме динамичен живот, понекогаш забораваме колку е драгоцено времето поминато со нашите најблиски. Токму од таа причина, Skopje City Mall викендов организира Фестивал за деца, кој ќе ги спои семејствата со многу изненадувања и забава за сите. Родители, искористете го времето квалитетно со своите најмили и поминете си незаборавно викендов во Skopje City Mall на Фестивалот кој започнува од петок и ќе трае сѐ до недела.  

najgolemiot-festival-za-deca-vikendov-vo-skopje-city-mall-001.png

Главна атракција на “Kids Festival” ќе биде ТАЛЕНТ ШОУ-то, каде ќе се избираат млади фото модели и таленти по пеење, танцување, глума и јутјубери. Победниците ќе бидат активни во следните кампањи на Skopje City Mall, а ќе бидат оценувани преку социјалните медиуми и жири кое од Skopje City Mall засега не го откриваат.

Најпривлечен турнир за тинејџерите ќе биде натпреварот во Play Station (фудбалска игра). Индивидуално или во тимови, заинтересираните ќе ги покажат своите PS способности, а за најдобрите ќе следуваат подароци.

Skopje City Mall пред неколку месеци за прв пат кај нас го организираше големиот LEGO Фестивал. Дечињата беа фасцинирани од магијата на овие безвременски играчки, па затоа Skopje City Mall на фестивалот ќе организира и LEGO турнири, на кои дечињата со помош на инструктор ќе создаваат LEGO фигури и ќе бидат наградувани за истите.

Малите креативни умови ќе ги покажат своите способности во работилниците кои ќе се организираат за време на фестивалот. Во соработка со “Нулта отпад”, учесниците ќе можат од стар електронски отпад да создадат уникатни уметнички дела. Посетителите ќе можат да уживаат и во танцовите изведби на дечиња од неколку школи, а најмалите ќе може да им се придружат.

„Досега традиционално беше организиран Саемот за деца и родители, кој се покажа како доста успешен и интересен за семејствата. Оваа година малку го менуваме концептот во Детски фестивал, каде ќе се забавуваат и тинејџерите. Особено нѝ е драго кога трговскиот центар е исполнет со весели лица и детски насмевки, па затоа и многу често сме организатори на вакви настани со активности посветени токму на нив. Едноставно ова е викенд на забава за целото семејство во Skopje City Mall!” – изјави Дарко Панчевски од маркетинг секторот на Skopje City Mall.

Секако дека ниту еден настан организиран во шопинг центар не би бил комплетен без намалувања во продавниците, па така за време на Фестивалот за Деца во 28 продавници во Skopje City Mall ќе може да купите производи со попусти од -20% до -70%.

Целосната програма и информации за активностите и попустите може да ги погледнете на www.skopjecitymall.mk/kidsfestival.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg