Neuland Sensorium - Настан и концерт што ја одбележа годината

Спектакуларна музика на Џијан Емин изведена заедно со Македонска Филхармонија, танц и светлечки перформанси на најимпресивната забава.

neuland-sensorium-nastan-i-koncert-sto-ja-odbeleza-godinata-01.jpg

Ако се гласа за настан на годината, со сигурност сите ќе се согласиме дека тоа е Neuland Sensorium, сосема поинаков концепт, сосема необично искуство, silent disco кое одекнува на сите страни. Скопје се уште одекнува од најимпресивните музички ноти, се уште свети во боите на Neuland Sensorium и се движи по светлината на непознатото.

Тоа што Џијан Емин го изведе заедно со Македонската Филхармонија, е импресија над импресиите, патување кое македонската публика уште долго ќе го памети. Џиновите во своите професија докажаа дека во Македонија навистина постои светот на непознатото, едно волшебно катче исполнето со најшарени бои, најдобри коктели и најдобро искомбинирани ноти.

neuland-sensorium-nastan-i-koncert-sto-ja-odbeleza-godinata-02.jpg

Додека зад параванот на бината беше Џијан Емин, зад шанкот Филип Арнаудов, кој во своето ледено царство создаде најдобри вкусови, бои, го изведе невозможното. Убави и весели лица беа насекаде, импресии, адреналин, возбуда, измешани вкусови се чувствуваа во Мала Станица. Светлечки движења, визуелни форми, соби од кои одекнуваше радост беа само дел од најимпресивниот настан на годината.

neuland-sensorium-nastan-i-koncert-sto-ja-odbeleza-godinata-03.jpg

По серијата мали настани и неизвесност, навистина зачекоривме во сензационално царство. Оние коишто беа присутни веќе знаат каков вкус има непознатото, каква возбуда буди нотата на Џијан која крева до облаците, каков вкус има коктелот на Филип кој со себе носи движење и адреналин.

Дали сте подготвени за уште една серија лудило? Stay Up ForThe Unknown!

neuland-sensorium-nastan-i-koncert-sto-ja-odbeleza-godinata-04.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg