Подгответе се за најблиската Супермесечина каква што немало во последните 70 години

Ако честопати знаете да шетате со погледот нагоре секогаш кога небото е јасно и полно со ѕвезди, ова е феномен кој не смеете да го пропуштите.

podgotvete-se-za-najbliskata-supermesecina-kakva-sto-nemalo-vo-poslednite-70-godini-001_copy.jpg

На 14-ти ноември ќе бидеме сведоци на ретка Супермесечина, односно оваа година, за првпат после цели 70 години, Месечината ќе изгледа за 14% поголема и дури 30% посјајна од вообичаената полна Месечина.

Причината за појавата на овој феномен е нејзината близина до Земјата. Последен пат Месечината била толку блиску до Земјата во 1948 година, додека следната ваква Месечина може да ја очекуваме на 25-ти ноември 2034-та година.

Ваквата Супермесечина е толку ретка заради фактот што Месечината има елипсовидна орбита, а едната страна е за 48.280 километри поблиску до Земјата.

Кога Месечината ќе се најде најблиску до нас и дојде до израмнување Земја-Месечина-Сонце таа изгледа многу поголема и посјајна.

Супермесечината на 14-ти ноември е посебна бидејќи во моментот на израмнувањето таа ќе биде најблиску до Земјата и ќе биде полна, што прави ние да ја перципираме како многу поголема и посјајна.

 М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg