Зошто толку многу боли кога ќе стапнеме на Lego коцка?

Стапалата се едни од најчувствителните делови на телото, покрај усните, гениталиите, очите и рацете, според тоа колку силно реагира кожата на нив, на стимули како допир и болка. Но, зошто е тоа така?

zoshto-tolku-mnogu-boli-koga-kje-stapneme-na-lego-kocka-01.jpg

Нашите стапала постојано „работат“ за да нè држат во баланс, па информациите кои доаѓаат од нервите кои се наоѓаат на нив се од големо значење за мозокот.

Колку и да се чувствителни нашите стапала, не се на ништо почувствителни така како што се на болката кога ќе стапнеме на Lego коцки.

Зошто е тоа така?

Според компанијата, на планетата постојат доволно Lego коцки за секоја личност на Земјата да добие по 83 коцки, што значи дека голема е веројатноста дека ќе наидете на некоја, па и ќе ја стапнете.

Дополнително на тоа, самите коцки можат да издржат многу голема сила пред да се деформираат или искршат. Поточно, 4.240 њутни сила.

Тоа значи дека една Lego коцка може да издржи дури 432 килограми тежина пред да се искрши.

Па, кога ќе стапнете на таква коцка, силата и притисокот нема каде на друго место да се пренесат, освен на вашето стапало и големиот број на нерви кои се наоѓаат на стапалото.

Да заклучиме, причината поради која толку многу боли кога ќе стапнеме на Lego коцка, лежи во тоа колку ни се чувствителни нервите, со колкава сила и тежина удираат нашите стапала на земјата, односно коцката, и фактот дека овие коцки се екстремно ригидни, мали и можат да издржат многу голема сила пред да се искршат.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg